Бугарските фудбалски репрезентативци доживеале страшна сообраќајна несреќа, еден фудбалер завршил на операција


Фото: Твитер

Бугарската фудбалска репрезентација доживеа сообраќајна несреќа неколку минути по слетувањето на нејзиниот авион во Тбилиси, главниот град на Грузија.

На пат од аеродромот до хотелот, каде што требаше да биде сместена екипата, возачот на првиот од двата автобуси во кои бил бугарскиот тим изгубил контрола над возилото, што резултирало со сообраќајна несреќа.

Несреќата се случила поради неприспособена брзина во услови на дожд, а според барањата на УЕФА, репрезентацијата била поделена на два помали автобуси и патувала со полициска придружба.

Возачот на еден од автобусите возел со голема брзина по влажен коловоз и изгубил контрола бидејќи пред него наеднаш застанал автомобил, а во него удрил другиот автобус.

Најмногу настрадал фудбалерот Тодор Неделев кој според првите информации се здобил со тешки повреди и е во болница, а потоа бил опериран. Операцијата траела повеќе од два часа бидејќи дел од стаклото би било забиено во главата.

Останатите членови на тимот и стручниот штаб на бугарската репрезентација се добро.

Натпреварот од групата Ц од Лигата на нации меѓу Грузија и Бугарија е закажан за утре од 18 часот.

ТОП ВЕСТИ

Samsung SmartThings ги поврзува луѓето со најважните работи < Опсервер

Скопје, С. Македонија – 31 август 2023 година – Samsung Electronics Co., Ltd денеска ги прикажа своите најнови иновации за поврзан дом. За...

Apple ќе го претстави новиот iPhone на 12 септември < Опсервер

На 12 септември Apple ќе претстави нови производи, вклучувајќи ја новата телефонска линија iPhone 15 и паметните часовници од следната генерација. <!-- <!-- <!-- ...

Специјална соработка за паметниот проектор „The Freestyle“ < Опсервер

Samsung Electronics во соработка со светски познатата корејска група BTS најавија премиера на краток филм во кој SUGA (член на групата), како амбасадор...