Бугарското МНР: Ја информиравме Северна Македонија дека нивните предлози се неприфатливи

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, по вчерашниот пожар во поранешната фабрика „Треска“, за медиумите изјави дека негова препорака е што побрзо да почне отстранувањето на сите објекти во индустрискиот капацитет.

„ Моја информација е дека во ‘Треска’  има 35 000 до 40 000 метри квадаратни азбестен кров. Во вчерашниот пожар беше зафатен и кровот, а и денеска сè уште паѓаат азбестните плочи. Искрено, јас после долго време, вчера првпат влегов и тоа што го видов можеме да го споредиме со Чернобил. Значи многу шут, азбестни кровови, жителите споделуваа дека таму има и животни и глувци големи како мачки, затоа моја препорака е дека земјиштето побрзо треба да се расчисти“, изјави Герасимовски за медиумите.

Тој додаде дека веќе разговарал со вработените во општината за да се испита какви материјали има на земјиштето и за тоа колку се тие штетни за граѓаните.

Во Општина Центар до овој момент има пристигнато 28 барања за отстранување објекти, но за начинот при нивно отстранување, градоначалникот рече дека ќе побара и институционална помош.

„Самите сопственици ќе треба да ги отстранат објектите, но ќе направиме увид какви материјали има и колку се штетни, по што ќе дадеме насоки на кој начин тоа треба да се направи. Ние нема да дозволиме да има недозволено вадење на штетните материјали од ‘Треска’“, изјави Герасимовски.

Во однос на шпекулациите за наводното подметнување на пожарот, градоначалникот изјави дека не сака предвреме да коментира. Неговите сознанија се дека до моментов сè уште не е направен увид поради небезбедноста на теренот. Но, според информации од жителите во локалитетот, секојдневно се краде железо и бакар од каблите, кои потоа се палат.

„Дали ова е вистина ќе покаже истрагата“, изјави Герасимовски.

По однос на актуелните теми за новите градби во „Треска“, Герасимовски порача дека како општина не можат да ги сопрат, но тие мора да бидат во согласност со јавниот интерес на граѓаните.

„ Ние никогаш не рековме дека нема да се гради, туку мора да се најде подобар начин како да изгледа просторот. Имаме важечки ДУП по кој мора да се постапува, идејното решение не е идеално, но ние мора постапуваме по моменталниот ДУП и сето тоа не зависи од мене, туку од законите, регулативите кои мораме да ги почитуваме“, изјави Герасимовски.

ТОП ВЕСТИ

ФОТО: Сопругата на Канје Вест се појави во црква во морбидно издание

255 Раперот Канје Вест се ожени со Бјанка Сенсори пред неколку месеци, а парот привлекува големо внимание на јавни места. Така, тие се појавија во...

Анастасија Ражнатовиќ насмеана покрај Немања Гудељ по загубата на бебето

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се поддржуваат еден со друг и во најтешките и во најубавите денови. Српскиот пар прослави за победата на тимот...

Битиќи со германските компании: Нудиме поволно деловно опкружување, стратешки предности и силна владина поддршка

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи оствари средба со делегацијата...

Шакира има НОВА ЉУБОВ? Пејачката видена на јахта со познат спортист (ФОТО)

170 Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието поради приватниот живот, но сега причината не е нејзиниот поранешен партнер, туку некој за кој се...

Груби присуствуваше на редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија

Денеска се одржа редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија во Скопје. Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем...