Цените растат, Ердоган смирува – Нова Македонија


Годишната стапка на инфлација е највисока откако на власт е партијата на Ердоган, АКП

Турција

Стапката на инфлација во Турција во април достигна 70 отсто, а порастот на цените претставува сериозен проблем за економската политика на земјата. Најголем раст на цените е забележан во секторот транспорт, за 106 отсто, а цените на безалкохолните пијалаци и храната пораснале за 89 отсто. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и натаму инсистира на намалување на каматните стапки за да се спречи растечкиот тренд на цените. Падот на вредноста на лирата го поскапи увозот на енергија, а странските инвеститори полека се свртуваат кон други пазари.
Годишната стапка на инфлација е највисока откако на власт е партијата на Ердоган, АКП, која е на власт од 2002 година, што се должи главно на неговите неконвенционални економски размислувања, сметаат аналитичарите. Ердоган изврши притисок на Централната банка на Турција да ги намалува каматните стапки.
– Покрај зголемување на цените на храната и енергијата, станува збор и за спектакуларен неуспех на монетарната политика во Турција. Ниските каматни стапки предизвикуваат инфлација – изјави Тимоти Еш, експерт за пазарна економија.
Турскиот министер за финансии Нуредин Мебати во понеделникот изјави дека нема причина за загриженост, објаснувајќи дека моменталната инфлација е краткотраен тренд и нема да се задржи долго. Тој изрази задоволство што другите економски показатели покажуваат добар напредок, а зголемената стапка на економски раст позитивно се одразува на вработеноста.
Турската влада се обидува да ги намали трошоците на граѓаните преку намалување на даноците за некои производи и одобри субвенции за сметките за струја кај загрозените домаќинства, но тоа не влијаеше на забавување на инфлацијата.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...