Чави е најлошиот тренер на Барса во последните 20 години

Apr 19, 2022

[ad_1]

Барселона во последните два натпревари доживеа два тешки порази, најпрвин од Ајнтрахт во Лига Европа, а потоа од Кадиз во Примера. Тренерот Чави, има поразителна статистика на првите 30 натпревари како шеф на стручниот штаб.

И покрај тоа што во еден момент се појави можност Барселона да се вмеша во борбата за титулата во Примера, реалноста по поразот од Кадиз е поинаква.

Чави со двата порази на „Ноу Камп“, стана најнеуспешниот тренер на Барселона во последните 20 години.

На првите 30 натпревари, тимот предводен од клупската легенда победил на само 53,33 отсто од натпреварите, што значи дека забележал само 16 победи.

Роналд Куман, на чие место дојде Чави, победил на 58,21 отсто од првите 30 натпревари.

Последен тренер со полоши резултати бил Карлес Рексач, во сезоната 2001/2002, на првите 30 натпревари забележал 15 победи.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ