Чавушоглу: Украинските мини го блокираат пловењето по Црно Море


Фото. Архива

Пловечки мини што ги постави Украина во Црно Море се една од најголемите пречки за транспорт на жито од Одеса, предупреди денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Во интервју за агенција Анадолија шефот на турската дипломатија потврди дека „мините поставени од Украина во регионот Одеса се една од пречките за безбеден транспорт на житни култури“.

-Друга причина се санкциите за руските бродови, нивното осигурување, како и неможноста да се опслужуваат во меѓународните пристаништа-рече министерот, истакнувајќи дека има сериозни нерешени прашања меѓу Москва и Киев во овој контекст.

Според него, Украина не сака руски бродови да влезат во Одеса, додека Русија не сака други бродови да го користат овој коридор за испорака на оружје за Украина.
– Двете страни бараат доверба и гаранции-рече Чавушоглу, потсетувајќи дека Украина вети дека ќе го исчисти морето од мини за „една или две недели“ за повторно да ги направи испораките безбедни.

Турскиот министер за надворешни работи посочи и дека е неопходно да се создаде механизам меѓу Русија и Украина за да се реши овој проблем. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера во телефонски разговори со рускиот и украинскиот претседател предложи механизмот да се воспостави во рамките на ОН, да биде стациониран во Истанбул, а дека неговата земја е подготвена да учествува во него.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...