Чеченците објавија видео од Мариупол, Кадиров: Градот е под наша контрола

Денеска е 58-ми ден од војната во Украина

Клучни настани:

Денеска нема хуманитарни коридори

594 деца погодени од руската инвазија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека планира да го фалсификува референдумот за независност во делумно окупираните јужни региони Херсон и Запорожје

Зеленски: Русија го отфрли предлогот за прекин на огнот за Велигден

Од минута во минута

11:20 Чеченците објавија видео од Мариупол, Кадиров: Градот е под наша контрола

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објави видео од чеченските војници од Мариупол, велејќи дека чеченските трупи ја презеле контролата врз секоја педа од пристанишниот град во јужна Украина.

11:07 Бајден до Путин: Греши ако мисли дека Западот ќе го изгуби интересот и ќе престане да ја поддржува Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека рускиот претседател Владимир Путин греши ако мисли дека Западот ќе го изгуби интересот и ќе престане да ја поддржува Украина.

10:20 Градоначалникот на Мариупол бара целосна евакуација на градот

Градоначалникот на Мариупол упати нов апел за целосна евакуација на градот, за кој претседателот Владимир Путин вели дека сега главно е под контрола на руските сили.

„Ни треба само целосна евакуација на населението. Околу 100.000 луѓе остануваат во Мариупол“, изјави градоначалникот Вадим Бојченко на националната телевизија, пренесува Ројтерс.

10:00 Штетата од руската инвазија на Украина достигнува 60 милијарди долари, велат од Светска банка

Реновирањето на сите згради и инфраструктура оштетени во Украина за време на војната со Русија ќе чини околу 60 милијарди долари, соопшти Светската банка.

09:55 ЕУ: Возете помалку и работете од дома за да ја намалите зависноста од руската нафта и гас

ЕУ ги повикува луѓето да возат помалку, да користат помалку клима и да работат од дома најмалку три дена во неделата за да ја намалат нивната зависност од руската нафта и гас.

Од Европската комисија велат дека со мерките што ги разви Меѓународната агенција за енергетика, домаќинствата во просек ќе заштедат близу 500 евра годишно.

09:20 „594 деца погодени од руската инвазија“

Украинскиот парламент ги ажурираше податоците за децата жртви на војната на Твитер. Оттаму велат дека вкупниот број на погодени деца од руската инвазија е 594. Загинаа 208 деца, а 386 беа повредени.

09:10 Поранешен советник на руската влада: Путин е депресивен и болен

Видеото на кое Владимир Путин цврсто се држи за масата за време на средбата предизвика шпекулации за здравјето на рускиот лидер, пишува „The Telegraph“.

Шефот на Кремљ е прикажан на видеото како разговара со Сергеј Шојгу, рускиот министер за одбрана, за ситуацијата во Мариупол. Шојгу го информира Путин дека Мариупол паднал, а Путин му честита за тоа, пишуваат медиумите во регионот.

08:55 Зеленски ги предупреди Русите: Дали сакате нова анексија? Ќе бидете сиромашни како во 1917 година

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека планира да го фалсификува референдумот за независност во делумно окупираните јужни региони Херсон и Запорожје.

Во видео пораката, Зеленски ги повика Украинците кои живеат под руска окупација во тие региони да не им даваат на руските сили какви било лични податоци, како што се броевите на пасошите.

08:40 Украина: „Русите киднапираа функционер во Херсон, не уценуваат“

Руски трупи киднапираа локален функционер кој раководеше со хуманитарен конвој во јужниот регион Херсон, изјави заменик-премиерот на Украина. Ирина Верешчук рече дека војниците на Кремљ понудиле ослободување на официјалните лица во замена за руските воени заробеници, но додаде дека тоа е неприфатливо.

08:15 САД: Кина ги повторува руските безбедносни идеи поврзани со војната во Украина

Американскиот Стејт департмент оценил дека Кина продолжува да повторува некои руски идеи за безбедноста поврзани со војната во Украина, вклучувајќи го и концептот на Кремљ за „неделлива безбедност“, пренесуваат медиумите во светот.

08:00 Зеленски: Русија го отфрли предлогот за прекин на огнот за Велигден

Украинскиот претседател Зеленски тврди дека Русија го одбила предлогот за прекин на огнот за време на велигденските празници, но додаде дека се уште има надеж за мир.

Тоа го изјави Зеленски синоќа во своето видео обраќање, пренесува Ројтерс.

Претходно тој ја отфрли можноста да оди во Москва на директни разговори со руските лидери за завршување на војната.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ ќе одбележува 21 години во „Александар Палас“, Шекеринска една од говорниците

емократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја одбележува 21-годишнината од формирањето. Раководството на партијата, предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе...

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на две собраниски комисии и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. На дневен...

Тројца кинески астронаути се вратија на земјата

Кинеските астронаути од вселенското летало Шенжу-15 безбедно се вратија на Земјата во недела, 4 јуни, по мисијата на кинеската орбитирачка вселенска станица која траеше...

Претседателот на Естонија Алар Карис во Албанија од 7 до 9 јуни

Претседателот на Естонија, Алар Карис, од 7 до 9 јуни ќе престојува во Албанија на покана на претседателот на таа земја Бајрам Бегај, пишува...

(Фото) Џенифер Гарнер, бившата жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд

Однесувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек  на јавни настани поттикна гласини дека има проблеми во нивната врска. Можеби неочекувано многу за нивната врска...