PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Честитка од Џафери по повод Денот на Армијата

Aug 18, 2022

Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка до началникот на генералштабот на Армијата, генерал – потполковник Васко Ѓурчиновски и до припаднците на Армијата по повод 18 Август, Денот на Армијата.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

-Во име пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име Ви го честитам 18 август, Денот на Армијата на Република Северна Македонија Вам, на војниците од сите чинови, цивилните службеници во Армијата и на сите граѓани на Република Северна Македонија, се вели во честитката од Џафери.

Во овие 30 години, се нагласува, припадниците на Армијата несебично се посветени на својата благородна задача – зачувување и обезбедување на интегритетот и суверенитетот на Република Северна Македонија и секојневно придонесуваат во безбедноста и стабилноста на државата.

-Професионалноста која секојдневно ја покажувате е за особена почит и е пример за сите, затоа граѓаните имаат огромна доверба во капацитетите и подготвеноста на припадниците на Армијата. Имав чест и привилегија да бидам дел од Армијата и да придонесам во остварување на Евро – Атлантските цели на државата како офицер во АРМ, заменик министер и министер за одбрана – периоди од мојата кариера на кои со гордост се навраќам, посочува Џафери во честитката.

Нагласува дека подготвеноста и посветеноста на нашата Армија ги препозна и светот, преку рамноправното учество на нашите војници во меѓународните мировни мисии, успешната меѓународна соработка на Армијата во време на бегалската криза, па се до нашето долгопосакувано полноправно члество во НАТО во 2020 година, со што Армијата официјално го доби заслуженото место на активен чувар на светскиот мир.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ