PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Честитка од Петровска за Денот на независноста на Украина

Aug 24, 2022

Министерката за одбрана Славјанка Петровска упати писмо со честитки по повод Денот на независноста на Украина до нејзиниот украински колега, Олексеј Резников во кое уште еднаш ја потврди поддршката од Република Северна Македонија за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, кои, како што се вели во писмото, се два клучни елементи на независноста.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

–За Северна Македонија од најголема важност е давањето на поддршка за која било земја во светот во зацврстувањето на правото на самоодбрана, слобода и демократија. Ние бевме една од првите земји кои донесоа одлука за воено-техничка помош за Украина, се вели во писмото.

Министерката Петровска му порача на својот колега Резников дека државата се приклучи на политиките на ЕУ и на целиот демократски свет, што нè става на правата страна на историјата и додаде дека Северна Македонија како претседавач со ОБСЕ продолжува да биде посветена на напорите за прекин на воените дејствија и враќање на мирот и безбедноста.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ