Честитки: Ивона Јо ги стопи првите 30 килограми!


Сега 80 проценти од нејзиниот желудник е скратен, со тоа што е “среден“ и хормонот за глад, којшто веќе не функционира кај неа, а со тоа и килограмите се “топат“.

Ивона Јовановиќ-Јо,познатата пејачка од Куманово која стана популарна во регионот по своето учество на музичките натпревари ,,Идол” во Македонија, но и со ,,Ѕвездите на Гранд” ги симна непожелните, но и првите 30 килограми кои и биле пречка да се слободно движи на сцената да музицира и да пее според својата замисла. Пред три години кумановката имаше настап и на популарниот штипски фестивал на забавни мелодии ,,Макфест”, а студира стоматологија.                                                            Пеењето и е голема љубов. Таа и не криеше дека дебелината не ја прави сосема среќна, цел живот е полничка, тоа и го потенцираше на социјалните мрежи. Затоа Ивона неодамна се упати директно во Турција на “интервенција“ на желудникот, за која бил задолжен тимот на д-р Гурдал Орен.                                                          Сега 80 проценти од нејзиниот желудник е скратен, со тоа што е “среден“ и хормонот за глад, којшто веќе не функционира кај неа, а со тоа и килограмите се “топат“. Храбрата пејачка, храбро го поднесе сето тоа, а една од нејзините пораки беше:

– Буквално цел живот слушам дека дебелите девојки носат само широка облека, покриен задник со џемпер. Што е можно повеќе слоеви на гардероба за да не се види дека е вишокот залепен. Вишокот кој општеството го карактеризира како дебела, грдотија, која не се грижи за своето здравје, како таквата може да си дозволи на тоа тело, да облече хеланки или танга.                                                                             Дебелината е сега минато, а Ивона е физички друга личност. Одвај чекаме повторно да ни запее и развеселува со новите песни, таа е талентирана и би бил вистински грев да ја немаме на македонската естрада. (Д.М.)

ТОП ВЕСТИ

ФОТО: Сопругата на Канје Вест се појави во црква во морбидно издание

255 Раперот Канје Вест се ожени со Бјанка Сенсори пред неколку месеци, а парот привлекува големо внимание на јавни места. Така, тие се појавија во...

Анастасија Ражнатовиќ насмеана покрај Немања Гудељ по загубата на бебето

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се поддржуваат еден со друг и во најтешките и во најубавите денови. Српскиот пар прослави за победата на тимот...

Битиќи со германските компании: Нудиме поволно деловно опкружување, стратешки предности и силна владина поддршка

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи оствари средба со делегацијата...

Шакира има НОВА ЉУБОВ? Пејачката видена на јахта со познат спортист (ФОТО)

170 Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието поради приватниот живот, но сега причината не е нејзиниот поранешен партнер, туку некој за кој се...

Груби присуствуваше на редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија

Денеска се одржа редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија во Скопје. Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем...