Чета на АРМ во Германија, заменик министерот Хасани ги испрати војниците на вежба во Хохенфелс за подготовка за мисија на Косово

Заменик-министерот за одбрана Башким Хасани, државниот секретар Драган Николиќ, директорот на Генералштабот, генерал мајор Зоран Милески и командантот на 1. бригада, полковник Сашко Лафчиски денеска во касарната „Чеде Филиповски – Даме“ во Кичево присуствуваа на церемонијата за испраќање на единица од Армијата на вежбата „КФОР 30“ во Хохенфелс, Германија.

Како што информира Министерството за одбрана, заменик-министерот Хасани на припадниците од првата бригада им посака успех на претстојната вежба.

-Да бидете упорни и мотивирани и да покажете дека нашата Армија е составена од вистински професионалци. Овие подготовки и нашето учество во мисијата на НАТО на Косово се пример за нашата посветеност кон регионот, неговата безбедност, стабилност и просперитет. Тоа е приоритет за НАТО, тоа е и наш приоритет како земја-членка, рече Хасани.

На оваа меѓународна вежба која ќе трае до крајот на месецов и која е во организација на Американските сили во Европа нашата Армија ќе учествува со чета со 140 припадници, ќе бидат изведени вежбовни активности заедно со припадници од армиите на САД, Италија, Романија, Албанија, Молдавија Латвија, Косово, Словенија и СР Германија.

-Целта на вежбата „КФОР 30“ е подготовка на единиците кои се упатуваат во мисијата КФОР на Косово, во поддршка на мирот, стабилноста и безбедноста и поддршка на цивилните авторитети на Косово. На оваа вежба нашите припадници заедно со останатите припадници од другите земји ќе работат на унифицирање на подготовката на персоналот во ротациите во мисијата КФОР,  односно ќе работат на подигнување на интероперабилноста со партнерските сили, стандардизирање на процедурите и постапките, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

Северна Кореја тестираше подводен дрон со нуклеарно оружје

Новиот систем на подводни беспилотни летала, како што објави државната агенција КЦНА, е наменет за тајни напади во водите на непријателот со цел да...

Полиција повикана во домот на Ријана откако непознат маж се обидел да ја запроси

Полицијата била повикана во домот на Ријана во четвртокот откако во куќата дошол маж со намера да ја запроси пејачката. Човекот, чиј идентитет не се...

Земјотрес во Бања Лука

Земјотрес со јачина од 3,8 степени по Рихтер се случи утринава во Бања Лука. Земјотресот е регистириран околу 7:30 часот, покажува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар...

СДСМ: Во заложништво на Апасиев, Мицкоски е класичен антиевропски политичар

Христијан Мицкоски е класичен антиевропски политичар, заложник на Димитар Апасиев и Левица, со кого се наптреваруваат во блокади и кочење на државата велат од...

(ВО ЖИВО) Изјави на премиерот Ковачевски, министерот Меџити и амбасадорката Агелер

Изјави на премиерот Димитар Ковачевски, министерот за здравство Фатмир Меџити и амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер по посетата на реновираниот дел на Универзитетската...