PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Цврстата соработка со граѓанските организации е поткрепа на успешните образовни реформи

Mar 17, 2022
Реформите насочени кон квалитетно инклузивно образование отпорно на кризи и унапредувањето на наставничкиот кадар беа во фокусот на денешната 10 средба на секторска работна група за образование, вработување и социјална политика, каде учествуваа министерот за образование и наука Јетон Шаќири, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, претставници на ЕУ Делегацијата во Скопје, како и на граѓанските и меѓународните организации. Министерот Шаќири нагласи дека оваа работна група е еден од најпозитивните примери на соработка на граѓанските организации и државата, во креирањето и имплементацијата на политиките за конкурентност и инклузивен раст во трите сектори кои се финансирани преку ИПА програмите.
Осврнувајќи се на покрупните реформски зафати реализирани во изминатиот период, министерот рече дека градењето на подобар образовен систем е потреба што е во интерес како на учениците, наставниците и родителите, така и на развојот на целото општество.
„Во делот на деветолетката, од оваа учебна година се реализира новата Концепција за основно образование, која овозможува покреативна и интерактивна настава, како и замена на фактографско учење со учење со разбирање. Продолживме со промоција и јакнење на средното стручно образование, кое е дефицитарно и обезбедува подобри можности за вработување на младите. За утврдување на потребите од стручни профили на локално ниво, во периодот јануари – март 2022 година беа организирани повеќе од 10 теренски посети со општините, бизнис заедницата и училиштата. Заеднички со компаниите ги усогласуваме квотите за упис во средно образование за учебната 2022/2023 година, затоа што тежиштето е на практичниот дел од наставата и можноста учениците да стекнуваат знаења и вештини во реални производствени услови“, посочи Шаќири, додавајќи дека од 400 заинтересирани компании, дури 90% изразиле подготвеност за дуално образование.
Во контекст на јакнење на стручното образование и обука, министерот информираше дека од 1 јануари 2021 година официјално започнаа со работа трите регионални центри за стручно образование и обука, врз основа на одлука на Владата и за два од нив (Охрид и Куманово) се потпишани Договори за реконструкција, а градежните работи се во тек. Освен во подигнувањето на вработливоста на младите, тие ќе имаат улога и во доквалификација или преквалификација на возрасните.
Што се однесува на високото образование, МОН, преку зголемување на буџетот се фокусира на обезбедување кадровски ресурси за високообразовните и јавните научни установи и ангажирање на млад наставен и научен кадар.
„Заедничко за сите степени на образование е забрзувањето на процесот на дигитализација, како фактор кој ја подобрува еластичноста на образовниот систем и ги јакне неговата флексибилност и адаптибилност кон глобалните текови, трендови и промени. Тука нема откажување. Имаме намера да дигитализираме што поголем број образовни услуги и да опремиме со современа технологија што повеќе училишта“, рече Шаќири.
На средбата беа презентирани и главните приоритети и цели на Министерството за труд и социјала, поврзани со пазарот на труд, социјалната политика, деинституционализацијата на социјалните услуги и пензиите, заштитата на децата, родовата еднаквост и интеграцијата на Ромите.
Секторската работна група за образование, вработување и социјална заштита е механизам за консултација и соработка меѓу институциите на извршната власт, граѓанските организации, донаторската заедница, како и другите заинтересирани страни. Преку него се остварува исклучително значајното учество на граѓанското општество во дизајнирањето на националните политики и креирањето на реформските процеси на државата.
PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ