Даниловски до власта: Вакцините не се приоритет, посветете се на пациентите со постковид-компликации

Епидемиологот Драган Даниловски им порача на здравствените власти додека земјата е во „зелена зона“ со пандемијата да го искористи овој период да посвети повеќе внимание на пациентите со постковид-компликации кои ги има во се поголем број, а останатите сегменти како имунизацијата да ги стави во заден план.

– Овие препораки да не останат само на сајтот на Министерството за здравство, туку да се подигнат како законска обврска. Сега сме сведоци, бројот на лица со постоквид синдром расте и ќе расте во следниот период. Сега скитаат од доктор на доктор. Да им се обезбеди достапност под исти услови на терет на фондот и во државното и во приватното здравство. Да се застане на патот на богатењето на туѓа несреќа, рече епидемиологот во вестите на Сител.
И порача на власта да не го преспива летото, туку да го искористи максимално мирниот период.

– Летово не треба да се преспие, треба да се искористи, да се вработи здравствен кадар – доктори и медицински сестри, да се одржат семинари за ракување на апарати за кислородна поддршка, бидејќи видовме дека има импровизирање, да се обеззбеди лекот „Пакскловид“, а неопходно е да се направи и соодветен протокол за лекување, порача Даниловски.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ ќе одбележува 21 години во „Александар Палас“, Шекеринска една од говорниците

емократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја одбележува 21-годишнината од формирањето. Раководството на партијата, предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе...

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на две собраниски комисии и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. На дневен...

Тројца кинески астронаути се вратија на земјата

Кинеските астронаути од вселенското летало Шенжу-15 безбедно се вратија на Земјата во недела, 4 јуни, по мисијата на кинеската орбитирачка вселенска станица која траеше...

Претседателот на Естонија Алар Карис во Албанија од 7 до 9 јуни

Претседателот на Естонија, Алар Карис, од 7 до 9 јуни ќе престојува во Албанија на покана на претседателот на таа земја Бајрам Бегај, пишува...

(Фото) Џенифер Гарнер, бившата жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд

Однесувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек  на јавни настани поттикна гласини дека има проблеми во нивната врска. Можеби неочекувано многу за нивната врска...