Кривична пријава заработија сопружници измамници од Дебар.
Пријавените сопружници, од 2010 до 2022 година, свесно и со умисла, во неколку наврати довеле во заблуда повозрасна жена од Дебар која, од една банка и 2 финансиски друштва, подигнала кредити и како заем им ги дала на пријавените кои и ветиле дека парите ќе и ги враќале на рати.
Тие ги злоупотребиле личните податоци од личната карта на оштетената и од нејзината е-маил адреса до едно финансиско друштво поднеле онлајн апликација за добивање брз кредит, по што парите ги подигнале од нејзината трансакциска сметка. Тие се стекнале со противправна имотна корист од 777.000 денари.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.Ц.(39) и Ќ.Ц.(46), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“.