Деск.мк дознава дека Министерот за локална самоуправа и Претседател на Либерално-демократската партија, Горан Милевски не гласал против францускиот предлог на вчерашната седница на Влада кога се усвоија предлозите од Европскиот Совет и заклучоците на Собранието.
Горан Милевски е позитивен и веќе една недела е во изолација при што не учествува на седниците на Владата, ниту се појавува на работа, иако имал можност да се приклучи на седницата преку “Zoom” апликацијата.
Анонимни медиуми вчера и денеска напишаа дека министерсот за локална самоуправа , Горан Милевски исто така и Претседател на ЛДП гласал против Францускиот предлог на владина седница.
Претседателот на ЛДП и министер за локална самоуправа, Горан Милевски утрово реагираше на пишувањата на опозицијата по гласањето на парламентарното мнозинство за европскиот предлог за отпочнување на преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ.
Независно што пишувате, не ви се плашиме, ниту ќе ве оставиме да ја уништите оваа земја, напиша министерот Милевски.