PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Ден на високи гости на вежбата „Блесок 22“

Apr 11, 2022

По успешно завршеното оценување на лесниот пешадиски баталјон во рамки на воената вежба „Блесок-22“, денеска со почеток во 11.00 часот на Армискиот полигон ,„Криволак“ ќе се реализира „Ден за високи гости“, соопштија од Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Според програмата, преку изведување на вежба со боево гаѓање „Засилен лесен пешадиски баталјон во напад“, ќе бидат демонстрирани ситуации и постапки со кои ќе се прикаже обученоста и извежбаноста на припадниците на Армијата од лесниот пешадиски баталјон и дел од единиците кои учествуваа на вежбата „Блесок-22”.

На денот за високи гости ќе присуствуваат: Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, претставници од кабинетот на Претседателот, од собранието, министри од Владата, генералите на Армијата, од генералштабот и министерството за одбрана, команданти на командите и единиците на Армијата воените аташеа акредитирани во Република Македонија и други гости, информираат од ова министерство.

Додаваат дека оценувањето на лесниот пешадиски баталјон, кое се реализираше согласно Концептот за оперативни способности на НАТО го спроведе оценувачки тим на Армијата на Република Северна Македонија, поддржани од оценувачи од други земји и тим на монитори од НАТО при што официјалната оценка е „борбено оспособен за извршување на својата мисија“.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ