Надеж дека утре ќе може да го посети Киев, изрази шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас пред почетокот на Советот за надворешни прашања на Европската Унија во Луксембург, јави дописничката на МИА од Атина.
Министерот за надворешни работи на Грција рече дека на денешниот состанок ќе разговараат за ситуацијата во Украина во конкретната фаза во справување со руската инвазија. -За мене ова е исклучително важно, бидејќи се надевам дека утре ќе можам да бидам во Киев, рече Дендиас.
Во однос на останатите теми на денешниот Совет, посочи дека ќе информира за „таканаречениот „меморандум“ потпишан меѓу Владата на Триполи и Турција“, меморандум, кој, според Дендиас, создава „дополнителни ризици за безбедноста и стабилноста на Медитеранот“.