PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Деветгодишно момче падна во бунар во Авганистан, спасувачката акција трае веќе три дена

Feb 18, 2022

Во селото Шокак, во провинцијата Забул во Авганистан, спасувачите веќе три дена се обидуваат да го извлечат деветгодишниот Хајдар кој паднал во бунар

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Момчето се заглавило на длабочина од 10 метри, додека вкупната длабочина на бунарот е 25 метри.

Според извештаите на светските медиуми, итните служби се на терен и обезбедено е се што е потребно за негово спасување. Градежните машини моментално ја копаат земјата за да стигнат до Хајдар.

На социјалните мрежи кружи видео од момче кое изгледа како да може да ги движи рацете и горниот дел од телото. На момчето му доставиле храна и вода, а тој наводно успеал да јаде.

„Добро ли си синко? Зборувај со мене и не плачи, работиме да те спасиме“, рекол таткото на момчето. „Во ред, ќе продолжам да зборувам“, одговорило момчето, пренесуваат медиумите.

Веста за момчето од Авганистан ги потсети сите на трагедијата во Мароко, кога петгодишниот Рајан на почетокот на месецот падна во бунар длабок 32 метри. И покрај херојските напори на спасувачите кои со денови копаа за да стигнат до него, момчето, за жал, не преживеа.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ