Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски денес изрази сочуство за спортистот Ридван Имери од Куманово кој беше истакнат футбалер на ФК Куманово и Башкими.
На 55 годишна возраст почина Ридван Имери Рики познат истакнат спортист и фудбалер. Кон крајот на осумдесеттите и почеток на деведесеттите години Ридван Имери Рики беше истакнат фудбалер на ФК Куманово а потоа и на ФК Башкими.
Кумановската фудбалска јавност Имери ќе го памети по феноменалните настапи во средниот ред на двата Кумановски клуба.
Имери подолго време со семејството живееше во Австрија, каде почина ненадејно. Сочувство до семејството!