PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Директорот Кадриу оствари средба со претседателот на Високиот совет на турско радио и телевизија, Ебубекир Шахин

Mar 15, 2022

Директорот Кадриу отвори ново поглавје на соработка од меѓународен аспект меѓу двете институции, НП Националната радиодифузија на РСМ и Високиот совет за Радио и Телевизија на Република Турција.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Директорот на Националната Радиодифузија, г-дин Ендрин Кадриу, денеска се сретна со претседателот на Високиот совет на турско радио и телевизија, г-дин Ебубекир Шахин.

На средбата се разговараше за унапредување на технологијата и проектите📡 кои ја поврзуваат работата на овие две институции.

Меѓу другото, претседателот Шахин понуди обука за вработените во НПНРД во Република Турција во областа на технолошкиот развој-дигитализација.

Високиот совет за Радио и Телевизија на Република Турција ке обезбеди поголема меѓународна институционална соработка на нашето претпријатие и со други држави.

На оваа средба беа проектирани нацрт идеи кои ќе бидат вклучени во меморандумот за соработка што ќе се реализира со посетата на турската делегација во Скопје.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ