Дневниот центар за лица со посебни потреби – Куманово доби специјално возило

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска го посети Дневниот центар за лица со посебни потреби во Куманово, каде додели специјално комби возило за потребите на Центарот. Оваа активност е спроведена согласно проектот “Социјална инклузија на корисници на Дневни центри за лица со посебни потреби и подобрување на социјалните услуги преку подобрување на нивниот транспорт” на Североисточен плански регион со Швајцарска агенција за обнова и развој, поддржана од Швајцарска амбасада во РСМ и Министерство за локална самоуправа на Македонија. Во рамките на проектот набавени се 3 специјални комби возила со рампа за Центри за социјални работи со Дневни центри за лица со посебни потреби за Куманово, Кратово и Крива Паланка.

Градоначалникот  Димитриевски потенцираше дека целта на проектот е подобрување на квалитетот на постоечките социјални услуги и создавање на предуслови за пристап кон услугите на поголем број на корисници, со посебно внимание кон ранливи категории на лица од Североисточниот регион.

Димитриевски истакна дека моменталните услови со кои се соочуваат лицата со посебни потреби, па и вработените во Дневните Центри за лица со посебни потреби во Североисточниот плански регион се незадоволителни, со ниско ниво на развиеност во поглед на опрема, која треба да им се понуди на лицата со посебни потреби, со цел за нивна професионална ориентација и рекреирање во секојдневниот престој. Ваквиот квалитет и ваквите норми за престој, кои им се нудат на лицата со посебни потреби влијаат врз секој аспект на животот и често резултираат со незадоволство, со нерамноправна положба, со неквалитетен живот, развој и едукација и социјална исклученост од пазарот на трудот.

Димитриевски се осврна и на превозот на корисниците на Дневните центри за лица со посебни потреби, кој се одвива отежнато поради немање на сопствено возило на одредени дневни центри, кои се приморани превозот да го вршат со такси превоз, во кој нема услови за превоз на лица со инвалидски количка, како и дотрајано обично комби возило на еден Центар, кое често останува дефект, оневозможувајќи го транспортот на оваа категорија лица.

Димитриевски образложи дека овој проект мора да овозможи услови за социјална инклузија на лицата од идентификуваните ранливи и маргинализирани групи на граѓани, кои подлежат на социјален ризик во функција на обезбедување недискриминација и афирмирање на социјалниот диверзитет.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...