Утринава од страна на пет училишта во Скопје е пријавено дека нивните меил адреси се упатени закани за поставени бомби.
Полицијата е веќе на терен и ги евакуира училиштата, а во тек се и антитерористички проверки.
-Денеска (26.10.2022) во СВР Скопје е пријавено дека на меил адреси на пет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за раасчистување на случајот.