PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Дојава за над 50 бомби поставени на 12 локации во Белград

Oct 31, 2022

Српското Министерство за внатрешни работи потврди дека денеска има информации за подметнати бомби на повеќе локации во Белград.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

„Не ја знаеме точната бројка, работата е во тек, полицијата си ја врши работата“ – велат од МУП, пренесуваат српските медиуми.

„Блиц“ објави дека во уредничката електронска пошта на медиумот пристигнала информација дека на 12 локации низ Белград биле поставени повеќе од 50 бомби.

Девет бомби во Студентскиот дом на булеварот Крал Александар, една во амбасадата на Белорусија, 17 бомби во Трговскиот центар „Ушќе“ на булеварот Михајло Пупин, две бомби во КФЦ на Студентски трг, девет на аеродромот Никола Тесла (од кои четири на паркингот под цивилни автомобили), шест бомби во ТЦ Делта Сити на улицата Јуриј Гагарин, една бомба на Филозофскиот факултет на вториот кат, четири бомби во зградата на ректорот, две во Универзитетот за уметности, три во Земунската болница…

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ