ДОБРОСОСЕДСКИТЕ ОДНОСИ И РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА, МЕЃУ ТЕМИТЕ НА СОСТАНОКОТ НА МЕШОВИТИОТ КОМИТЕТ РМ ЕУ

Мешовитиот парламентарен комитет Македонија ЕУ утре во Скопје ќе го одржи 19 состанок, со којшто ќе копретседаваат Соња Мираковска од македонскиот Парламент, и европратеникот Андреас Шридер.

Според информациите од Европскиот парламент, главни теми на состанокот ќе бидат владеењето на правото, прашања поврзани со животната средина и здравјето, граѓанското општество и медиумите, добрососедските односи и регионалната соработка, а најавен е и извештај за сработеното во рамки на Жан Моне процесот.

Се очекува европратениците во Скопје да разменат ставови во врска со односите меѓу ЕУ и Македонија со претставници на на Владата на Македонија, со претставници на на Европската комисија и European External Action Service.

Засега од Собранието е потврдено дека европратеникот Шридер ќе копретседава со состанокот, но се уште не се потврдуват имињата на останатите европратеници кои треба да допатуваат во Скопје. Европратениците пред почетокот на состанокот ќе имаат средба со спикерот Такат Џафери, како и поединечни средби со координаротите на пратеничките групи во македонскиот парламент и тоа со Јован Митрески, координатор на СДСМ, Никола Мицевски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ, Арбер Адеми од ДУИ и Илире Даути од Алијанса за Албанците.

Состанокот, според агендата започнува на пладне а на него ќе присуствуваат и ќе имаат свои обраќања, заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи и амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата во Република Македонија, во име на Европската служба за надворешни работи и Европската комисија.

Средбата, која ќе има три сесии, се очекува да заврши доцна попладнето.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...