PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Доктори, спортисти, глумци и по некој политичар, голем број познати имиња во трка за советници

Sep 16, 2021

Доктори, политичари, професори, глумци правници и економисти и по некој политичар од кариера. Вака изгледаат предлог советничките листи кои политичките партии ги доставиле до Државната изборна комисија. На нив може да се сретнат буквално сите професии, а според структурата на предложените кадри се очекува на советничките места во општините да седнат луѓе кои се искусни во многу други професии, а многу помалку во политика или пак урбанизам.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

За градот Скопје според информациите на државната изборна комисија во моментов има поднесено 14 кандидатски листи за советници.  Предлог листата поднесена од ВМРО ДПМНЕ е предводена од професорот на Економскиот факултет Трајко Славевски, додека втор на листата е поранешниот фудбалер Владимир Нелоски, трета на листата е стоматолог Марија Андоновска, а помеѓу првите шест на листата е и познатата докторка Жаклина Шопова.

Листата предложена од владејчката партија СДСМ е предводена од актуелната докторка Универзитетската клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, Софија Пејкова. Втор на листата е актуелниот организациски секретар на партијата, Мартин Попов.  Помеѓу кандидатите за советници се неколку имиња на актуелни членови на советот на град Скопје.

Интересна новина е листата на Коалицијата движење одлучно за промени, составено од политичките партии ДОМ и ЛДП на која доминираат докторски имиња.  На листата на предложени советници за град Скопје се наоѓаат имињата на професорот Никола Пановски, докторката Лилјана Лабачовска – Ѓатовска од Институтот за микробиологија, познатиот хирирг од приватната болница Ремедика –  Андреја Арсовски, но и познатиот фитнес тренер Мартин Видоевски.

Предлог листата на Алијанса за албанците ја предводи докторот Кадри Хаџихамза од Клиниката за психијатрија, додека таа ДУИ ја предводи актуелниот директор на паркови и зеленило, Ардијан Муча.

Докторските имиња се често застапени и на листите за советници во локалните општини, но тие се нешто поинакви. Владејачката листа на СДСМ во Центар е предводена од две познати спортски имиња: поранешната ракометарка Андријана Будимир, додека втора на листата е кошарката Едина Муса.  Во Карпош листата на ВМРО ДПМНЕ ја предводи познатиот актер Роберт Велјановски, додека онаа на СДСМ познатото спортско име Марин Докузовски, а на листата се наоѓа и директорот на Здравствениот дом во Скопје, Виктор Исјановски.

Листата на СДСМ за Аеродром ја предводи директорот на Ургентниот центар – Александар Трајановски, додека таа на ВМРО ДПМНЕ е предводена од правникот Дејан Митески.  Слична е ситуацијата и во Кисела Вода и таму листата на СДСМ е предводена од гинекологот Емилија Трајковска, додека на ВМРО ДПМНЕ од адвокатот Иван Живковски.

Доктор ја предводи и советничката листа на ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче Петров. Таму носител на листа е познататата докторка Ленче Нелоска која до неодмна беше директорот на Герентолошкиот завод во Скопје. Листата на СДСМ е предводена од досегашниот член на советот Илија Спасовски. Слична состојба имаме и во Бутел. Таму ВМРО ДПМНЕ за носител на листата го предлага актуелниот доктор Игор Николов, додека носител на листата на советници на СДСМ е Оливер Ливриниќ.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ