PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Домаќинствата од 1 јули ќе плаќаат до 15 посто пониски сметки за струја, тврди Бислимоски од РКЕ

Jun 27, 2022

Kој троши помаку, ќе плаќа помалку, кој троши повеќе ќе троши повеќе – порача денес претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, во пресрет на новиот тарифник за плаќање на електричната енергија кој треба да стартува во петок 1 јули.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Бислимоски вели дека новите тарифни блокови се еден вид концепт како што беше персоналниот данок, односно кој има поголеми приходи плаќа повеќе данок, кој има помали ќе плаќа помалку. Ефтината тарифа продолжува како и досега од 22 часот до 07 часот наутро, и недела, при што кај ефтината тарифа нема ни да важат блоковите кои се воведуваат со новиот тарифник.

Граѓаните на своите сметки ќе имаат посебно цена за потрошената електрична енергија и како новина посебно цена за користење на дистрибутивна и преносната мрежа на електродистрибутивниот систем, што ќе биде дел од целата структура на сметката за електрична енергија.

Пресметките се, како што уверува РКЕ, дека дисциплинираните домаќинства со новиот тарифник од 1 јули, ќе плаќаат за 15 до 12 проценти пониски сметки за електрична енергија. Тие влегуваат во таканаречениот прв блок на потрошувачка кој е лимитиран на 210 киловатчасови месечно. Вториот блок изнесува од 210 до 630 киловатчасови месечна потрошувачка, третиот од 630 до 1050 киловатчасови, а над оваа потрошувачка е четвртиот блок каде што сметките се доста зголемени. Ефтината тарифа е надвор од тие блокови.

Зимно време околу 98 посто од домаќинствата ќе бидат во третиот блок. Во зима сите што ќе влезат во четвртиот блок а тоа се потрошувачи што греат неколку стотини квадрати станбен простор, фирми што се занимваат со рударство и генерално големи потрошувачи на електрична енергија, ќе имаат 70 проценти повисоки сметки.

Односно се тврди дека 99 проценти од потрошувачите треба да имаат помали сметки од 15 до 6 проценти во однос на сегашните сметки пред воведувањето на новиот тарифник.

Значи во првите три блока ќе се плаќаат пониски сметки, а во четвртиот повисоки.

Во однос на струјомерите ќе се користат истите струјомери. Новиот тарифник, рече Бислимоски, е направен така да го стимулира ЕВН да ги чита струјомерите еднаш месечно бидејќи секое одлагање на подолго од 30 дена, го остава потрошувачот во првиот и најефтин блок, што е на штета на ЕВН.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ