Драги: Веднаш преговори со Северна Македонија и Албанија за влез во ЕУ, забрзување со Црна Гора и Србија


Словенечкиот претседател Борут Пахор го познава Путин подобро од кој било друг шеф на европска држава, пишуваат медиумите во регионот.

Според нив, на прашањето колку сериозно мора да се сфатат зборовите на Путин, Пахор изјавил дека зборовите на Путин „за жал, мора да се сфатат многу сериозно“. Тој рекол дека ако ова прашање му било поставено во февруари, одговорот ќе бил поинаков, а откога Путин решил да ја нападне Украина, Пахор во интервју за „Шпигел“ изјавил дека изгубил секаква верба во неговиот разум.

Пахор во интервјуто повеќе не ја исклучува можноста Русија да употреби нуклеарно оружје и смета дека „таков чекор би бил целосно ирационален“. Тој исто така забележува дека нема апсолутно никаква доверба во руското раководство и тоа, како што рекол, е навистина застрашувачко по три децении обид за подобрување на односите со Русија.

Пахор изјавил дека сега од клучно значење е Европејците да бидат обединети и да направат сѐ за да ја поддржат Украина во нејзината борба.

„Тешко беше да се замисли дека Русија може да ја нападне Украина. Јас лично инвестирав многу во односите меѓу Љубљана и Москва. Знаев дека Путин се држи до старомодните визии за Русија како голема сила. Не ни знаев дека тој би употребил брутална воена сила за да ја спроведе таа визија“, изјавил Пахор за „Шпигел“.

Пахор смета дека Европа направила доволно на полето на поддршката за оваа земја по нападот на Украина и дека „Путин е прилично изненаден од решителноста и единството на Европејците“.

Зборувајќи за бојкотот на руската нафта и гас, претседателот на Словенија рекокл: „Нему му е совршено јасно дека мора да станеме независни од руските суровини и дека ни требаат нови доставувачи. Меѓутоа, на краток рок, целосниот бојкот е многу тежок. Поделбата во ЕУ би била најлошото нешто што може да се случи“, изјавил Пахор предупредувајќи дека „ако Путин види пукнатини во ЕУ, ќе работи на нивно продлабочување. Како ЕУ не можеме да си дозволиме да користиме разни стратегии кон Москва“, додал тој.

Пахор во интервјуто за магазинот „Шпигел“ предупредил дека руската армија не треба да се потценува.

„Русија е Русија. И таа е подготвена да направи големи жртви за да ги постигне своите цели“.

Запрашан од „Шпигел“ колку е опасен Путин во ширењето на војната надвор од Украина, Пахор изјавил:

„Постои голем страв од напади во Молдавија. Тоа може да влијае и на Грузија, индиректно и на Западен Балкан. Од одговорните во регионот зависи да направат сѐ за да се зачуваат мирот и стабилноста затоа што никој не знае како ќе се развива оваа криза“, истакнал тој.

ТОП ВЕСТИ

МНР на Косово ги повика граѓаните да избегнуваат преминување низ Србија

Косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора апелираше до граѓаните на Косово да избегнуваат преминување преку Србија, поради ситуацијата на север во државата. „Поради ситуацијата...

Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: Гордо ќе го пречекаме како победник

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го посети семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој е обвинет од хашкиот трибунал за воени злосторства за...

Ѓоковиќ водеше „жестока војна“ со Давидович Фокина, но обезбеди осминафинале во Париз

Новак Ѓоковиќ успеа да обезбеди осминафинале на Ролан Гарос и тоа откако ја оправда фаворитската улога во дуелот со Алехандро Давидович Фокина. Голема битка се...

Три лица загинаа во сообраќајка кај Кадрифаково, меѓу нив и 15-годишно девојче

Три женски лица го загубија животот, а уште четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Штип - Миладиновци...

Путин поттикнува немири на Балканот како нов фронт во неговата војна против Западот

ДРАГАН МИШЕВ Путин подготвува нов фронт во неговата војна против Западот. За таа цел се чини дека нема подобра опција од тоа да поттикнува...