PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

ДУИ ја презентираше програмата за променa во Гостивар

Sep 27, 2021

Демократската Унија за Интеграција денеска ја презентираше својата програма за локалните избори за градот Гостивар.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Претседателот на огранокот на ДУИ во Гостивар, Башким Хасани на денешната прес -конференција ги изброи проектите што се составен дел на оваа програма и изјави дека таа е составена во соработка со граѓанскиот сектор и граѓаните.

Според Хасани, платформата е објективен одраз на потребите на граѓаните кои очекуваат промена. Во неа се предвидувени проекти кои ќе бидат решенија за сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Гостивар и кои во фокусот го имаат квалитетниот живот, развојот на инфраструктурата, квалитетното образование, создавањето чиста животна средина и безбедно место за сите.

Инаку, денеска во Гостивар ДУИ ќе одржи изборен собир на кој ќе ги претстави кандидатите за градоначалници и општински советници.

Следува целосниот говор:

Почитувани граѓани,

Почитувани претставници на медиумите,

Денеска официјално започна кампањата за локалните избори 2021 година. Демократската Унија за Интеграција ја започнува кампањата токму од градот Гостивар, каде ќе ги претстави кандидатите за градоначалник и општински совети.

Почитувани,

Денес пред вас ќе ја претставиме Изборната платформа на ДУИ за Општина Гостивар. Во соработка со граѓанското општество и слушајќи го гласот на граѓаните, подготвивме Платформа која дава решенија за сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Гостивар, а кои проблеми не ги реши сегашното раководство на општината на чело со градоначалникот Таравари.

Заедно со Невзат Бејта како кандидат, по 17 октомври ќе го започнеме заедничкиот пат за чист град, безбеден за жителите и нивните деца, за модерна јавна инфраструктура, спорт, рекреативни капацитети и квалитетно образование.

Време е да станеме на нозе за Гостивар, да се стави крај на хаосот, да се ослободи градот од кучињата скитници, да се претвори депонијата Русино во безбедна и уредна депонија и да се отстранат казината подалеку од центарот на градот.

Главните цели на Демократската унија за интеграција за Гостивар се:

-повеќе зеленило и изградба на неразвиениот дел од паркот

– нови патеки за трчање и возење велосипед

-чистење на градот од отпад и нечистотијата, фокус на регулирање на депонијата Русино според сите еколошки стандарди

-изградба на посебен и модерен центар за сместување и третман на кучиња скитници.

-Ќе ги преместиме казината и игрите на среќа од нашите населби.

Следните четири години ќе бидат години на реализација на многу проекти за модерна инфраструктура како што се: три подземни паркинзи, како и изградба на нов мост што ќе обезбеди поврзување со регионалниот автопат – изграден заедно со експерти за време на урбанистичкото планирање. Ќе го решиме проблемот со паркирањето и ќе воведеме ред во сообраќајот.

Снабдувањето со вода за пиење и модерен канализациски систем за сите граѓани во градот и селата е исто така важен дел од нашиот план, заедно со новите и модерни училишта, каде што нашите деца ќе го имаат образовниот систем што го заслужуваат.

Нов мултифункционален стадион за спортски и креативни простори за градот и околните села, нови паркови и зелени површини, ќе го направат Гостивар град за кој вреди да се живее, за младите и семејствата.

Инсталација на еколошки системи за греење, гасификација во секое населено место, користењето на сончева енергија, како и имплементацијата на долго ветениот јавен превоз ќе заштеди пари за нашите граѓани и ќе го трансформира Гостивар во зелена општина со чист воздух.

Електронската администрација и дигиталните услуги се нашите цели за поефикасна услуга за потребите на граѓаните.

За младите ќе се креираат програми и ќе се доделуваат грантови за реализација на проекти кои се резултат на нивната иницијатива.

Гостивар ќе биде е-општина со дигитализирани училишта, со брз и бесплатен интернет.

ДУИ со својот нов тим граѓани полн со мотивација, со амбициозен план за Гостивар, со Невзат Бејта е гаранција за исполнување на планот: За подобар, посовремен Гостивар за сите нас!

Изберете живот, Гласајте зелено!

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ