Под мотото „Избери живот, гласај зелено“, Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), вечерва ја започна кампањата за локални избори во градот Гостивар каде ги претстави кандидатите за градоначалници и општински совети.
ДУИ на локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври ќе учествува со 19 кандидати за градоначалници и 35 листи за општински советници.
За време на Изборната Конвенција беше нагласено дека Демократската Унија за Интеграција ја започнува кампањата токму од Гостивар, откако се слушна гласот на жителите од оваа зона, кои бараат промени во општинската администрација и ослободување од хаосот предизвикан како резултат на неможноста за управување со општината за време на минатиот мандат од Таравари.
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети пред жителите на Гостивар рече дека Гостивар заслужува подобро, повеќе и пред се промена.
“Со екипите, со кадрите кои ги има ДУИ, на сите фронтови, во сите соочувања, ќе успеам. Ќе бидеме успешни и на овие локални избори бидејќи навистина работиме со целото срце за да ја разубавиме нашата земја, работиме посветено за да ја промениниме нашата земја и да ја направиме уште подобра од вчера. Денес е повеќе од потребно да имаме чиста животна средина, да имаме можност за уште поздрав живот. Дали има можности? Да, секако дека постојат можности. Дали можат да се направат? Да, се разбира, тие можат да се направат. Бараме работите да се направат на терен и можностите за тоа се реални. Така, на 17 октомври, не само оние што гласаа за ДУИ 20 години, затоа што не сме работеле само за дел од Албанците на РСМ, сме работеле за сите Албанци, сме инвестирале за сите граѓани на РСМ, за Албанците , за Македонците, за Турците, за Бошњаците, за Ромите, затоа ги покануваме сите да гласаат на 17 Октомври и да ја поддржат оваа храбра агенда која го збогатува нивното здравје, агенда која е навистина прекрасна за секој граѓанин. Затоа, првично ги повикувам сите Албанци, да гласаат за нас, да гласаат за најдобрите, да гласаат за експертите кои знаат да управуваат и работат во оваа област. “На 17 октомври, не двоумете се, побарајте ја поддршката од секој гласач затоа што гласате за подобро, гласате за најсилниот просперитет во животот“.
За време на Конвенцијата на Демократската Унија за Интеграција за локалните избори 2021 година, од градот Гостивар на присутните им се обрати претседателот на Собранието, г. Талат Џафери. Во неговиот говор, тој истакна дека ДУИ нема да се занимава со политичките опоненти, затоа што со нив ќе се занимаваат граѓаните на 17 октомври, на денот на гласањето.
“Ги слушав говорниците пред мене и мило ми е што ја обелоденија својата предизборна програма и во ниту еден момент не се занимаваа со политичките опоненти, на што се однесува и мојот повик и мојот апел да се занимаваме со самите себе, со работите и активностите што не очекуваат во овие 20 дена почнувајќи од денес. Со опонентите ќе се занимаваат граѓаните бидејќи на нив им припаѓа правото на конечна проценка и на 17 октомври да гласаат праведно, да гласаат праведно со гласање на бројот 3 во сите избирачки места каде што се натпреваруваме за овие избори.“
Пред присутните за време на изборната конвенција на Демократската Унија за Интеграција, говор имаше и кандидатката за општински совет на Гостивар, избрана од граѓанската иницијатива “Гостивар што го сакаме“, г –ѓа Вјолца Зулбехари и кандидатот за советник во општина Тетово, г. Блерим Османи. Според нив, советниците на Демократската Унија за Интеграција ќе дадат се од себе за да обезбедат општинската администрација да биде една од најтранспарентните, со отворени врати за граѓаните.
„По сите наши состаноци за Гостивар, беше ДУИ таа која не само што ја прифати и ја поздрави нашата програма за Гостивар, туку дури и понуди активно вклучување преку заедничка листа каде 50 проценти од кандидатите за општинскиот совет не се членови на партијата, туку граѓани без политичка определба, активисти на нашата иницијатива. Ние сме спремни, спремни сме да дејствуваме наместо мрзеливоста и негрижата, посветено да работиме. Подготвени сме да ги замениме празните ветувања со реални и опипливи проекти за Гостивар што го сакаме. На 17 Октомври, ние, граѓаните на Гостивар, ќе ја започнеме промената заедно со ДУИ “.
„Ние имаме потреба од ова раководство, не само за да не води за време на пандемијата и економските последици, туку пред се за да не води кон иднината, за да ја имплементира зелената агенда за нашите општини, за подобар живот за нашите граѓани. На една општина и треба раководство за да овозможи реализација на големи проекти и ова е причината зашто граѓаните ни веруваат, ова е причината зошто ние како ДУИ дефинитивно ќе победиме не само во Тетово, туку и во сите албански општини “.
За време на деновите на кампањата, сите градови, општини и населени места ќе бидат посетени за да ги запознаат кандидатите за градоначалник и општински советници. Кампањата ДУИ ќе ја продолжи утре во градот Тетово каде ќе ја претстави Платформата за оваа општина.