PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

ДУИ: Албанскиот јазик во полициските униформи, одраз на принципот на рамноправност

Mar 17, 2022

Демократската Унија за Интеграција смета дека усвојувањето на Уредбата од страна на Владата со која се официјализира употребата на албанскиот јазик во полициските униформи е од големо значење.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Демократската Унија за Интеграција смета дека со оваа одлука со која се овозможува полициските униформи да се и на албански јазик, е исполнета уште една обврска која произлегува од Охридскиот Рамковен Договор и која е во согласност со Законот за употреба на албанскиот јазик донесен од страна на Собранието на Република Северна Македонија.

Оваа владина уредба е уште еден чекор кон исполнување на законската обврска, но и за зголемување на довербата меѓу полицијата и граѓаните, бидејќи оваа доверба ќе има уште поголемо влијание врз лојалноста на граѓаните и општествена кохезија и создавање и изградба на демократските институции во државата.

Демократската Унија за Интеграција констатира дека е успешно завршена уште една задача согласно Уставот и Законот, што е одраз на принципиелното спроведување на начелата на еднаквост како гаранција за напредокот на нашата земја за еднакво општество чија цел е интеграцијата на земјата во големото европско семејство.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ