ДУИ: Брвеница ќе се промени со Зелената агенда, заокружи број 3

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), денеска ја претстави изборната програма за Општина Брвеница. Кандидатот на ДУИ за градоначалник на оваа општина, Аркин Јахији на денешната прес-конференција рече дека програмата изработена за развој на Брвеница и за подобар квалитет на животот на нејзините граѓани се фокусира на подобрување на патната инфраструктура, реконструкција и одржување на мрежите за водоснабдување, канализација и наводнување, управување со отпад, квалитетното образование, поголема здравствена заштита и многу други сфери на општествениот живот “, истакна Јахији на прес конференцијата.

„Во следните четири години планираме развој на општината со бројни проекти што ќе ја претворат Брвеница од една рурална општина во една многу модерна и урбана општина.

„Радиовце, Теново, Милетино, Горни и Долни Челопек и Гургурница ќе бидат во мојот фокус како градоначалник во следните четири години по победата на 17 октомври“, рече Јахији.

Во продолжение ви го пренесуваме целосниот говор од денешната прес -конференција:

Почитувани граѓани,

Почитувани претставници на медиумите,

Денес ви ја претставувам изборната програма на Демократската Унија за Интеграција за општина Брвеница, која се базира на Зелената агенда и петте завети на ДУИ.

Демократската Унија за Интеграција во општина Брвеница отсекогаш имала квалитетен кадар кој знаел да ги унапреди процесите на соодветната застапеност, да придонесе за реализација на квалитетни животни проекти и достојно да го претставува гласот на барањата на граѓаните.

Во следните четири години планираме развој на општината со бројни проекти што ќе ја претвориме од рурална во многу модерна и урбана општина.

Радиовце, Теново, Милетина, Горни Челопек и Новиот Челопек и Гургурница ќе бидат во мојот фокус како градоначалник во следните четири години по победата на 17 октомври.

Почитувани граѓани,

Дозволете ми да елаборирам само неколку од проектите што се во мојата изборна програма и на ДУИ за четиригодишниот мандат.

Во Радиовце ќе го изградиме патот до стадионот, речното корито, ќе го средиме системот за греење на основното училиште, детското игралиште и довршување на фекалната канализација.

Во Теново ќе направиме реконструкција на патот до излезот на стадионот, фекална канализација и чистење на коритото на реката Вардар.

Милетино, исто така, ќе биде во нашиот фокус, таму ќе изградиме резервоар за вода и ова ќе го реши проблемот, реновирање на училиштето, ќе го изградиме стариот пат, нов парк како и дигитализација на канцеларијата на месната заедница.

На Горни Челопек му треба изградба на пат од центарот на селото до џамијата, реновирање на училиштето заедно со спортската сала, детско игралиште и нов парк.

Во Новиот Челопек, исто така, ќе реализираме многу проекти, вклучувајќи го патот до Стримница, бекатонизација на улици, атмосферска канализација, изградба на Сува река, велосипедски патеки во правец на Стримница и јавно осветлување до автопатот.

Во меѓувреме, внимание ќе има и Гургурница, со што ќе предлагаме менување на името на централното училиште „Гоце Делчев„ депонијата, патот до Саларево во соработка со општина Желино и изградба на патот до Треска.

Општина Брвеница силно ќе ги поддржи младите и спортот, обезбедувајќи спортска сала, образовен процес, подршка за земјоделците. Безрезервно ќе ги поддржуваме приватни претпријатија преку создавање инфраструктурни услови, додека посебно внимание ќе му се посвети на нашата дијаспора.

Почитувани,

На 17 октомври, гласајте за Зелената агенда, за континуитетот на добрите дела и новата развојна перспектива. Имаме многу амбициозен и одговорен план за следните четири години.

Изберете живот, гласајте зелено!

Заокружете го бројот 3!

Ви благодарам.

ТОП ВЕСТИ

Земјотрес во Бања Лука

Земјотрес со јачина од 3,8 степени по Рихтер се случи утринава во Бања Лука. Земјотресот е регистириран околу 7:30 часот, покажува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар...

СДСМ: Во заложништво на Апасиев, Мицкоски е класичен антиевропски политичар

Христијан Мицкоски е класичен антиевропски политичар, заложник на Димитар Апасиев и Левица, со кого се наптреваруваат во блокади и кочење на државата велат од...

(ВО ЖИВО) Изјави на премиерот Ковачевски, министерот Меџити и амбасадорката Агелер

Изјави на премиерот Димитар Ковачевски, министерот за здравство Фатмир Меџити и амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер по посетата на реновираниот дел на Универзитетската...

(ВИДЕО) Запалено градското собрание во градот Бордо на синоќешните протести во Франција

Според извештаите на француското МВР, на вчерашните протести ширум земјата излегле над еден милион луѓе, а поради немирите низ целата земја биле уапсени 80...

(Видео) Огромен пожар во Истанбул: Огнена стихија зафати хотел, две лица загинаа

Две лица загинаа, а уште две се повредени во пожар што рано утринава избувна во седумкатен хотел во Истанбул. Причината за пожарот засега не е...