PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

ДУИ ги потврди листите за пратеници и поддршката за Европскиот фронт и кандидатурата на Османи за претседател

Mar 31, 2024

Генералното собрание на Демократската унија за интеграција денеска во Тетово го одржа шестиот состанок на кој се расправаше за Европскиот фронт, претседателските избори и утврдување на кандидатските листи за пратеници.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

 

Претседателот Али Ахмети ги информираше членовите на Генералното собрание на ДУИ за формирањето на Европскиот фронт и заедничката програма на коалицијата за евроинтеграции и спречување на руските влијанија во нашата земја и регионот.

 

Уставни измени, евроинтеграцијата, добрососедството, бескомпромисната борба против организираниот криминал и корупција, економскиот рамковен договор, беa клучните зборови на заедничката програма.

 

Едногласно, Генералното собрание на ДУИ го поддржа формирањето на Европскиот фронт и заедничката кандидатура за претседател на Бујар Османи.

 

Генералното собрание на ДУИ ги потврди листите со кандидати за пратеници на Европскиот фронт презентирани од претседавачот Ахмети, и тоа:

 

I-ва изборна единица, носител на листа Блерим Беџети

II изборна единица, носител на листа Садула Дураку

III изборна единица, носител на на листа Сулејман Баки

IV изборна единица, носител на листа Енвер Хусеин

V-та изборна единица, носител на листа Зиадин Села

VI-та изборна единица, носител на листа Али Ахмети

 

Генералното собрание на Демократската унија за интеграција ги повикува сите членови на ДУИ и сите граѓани да го поддржат Европскиот фронт и нашата кандидатура за претседателските избори д-р. Бујар Османи.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ