ДУИ ги повикува сите граѓани да се попишуваат

Демократската Унија за Интеграција денес одржа прес -конференција, преку која беше упатен апел до граѓаните активно да се вклучат во Пописниот процес.

Агим Нухиу од ДУИ ги повика граѓаните да одговорат позитивно на овој многу суштински и значаен процес за целата држава.

Во продолжение ви го пренесуваме целосниот говор на г-дин Нухиу.

Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани,

Почитувана дијаспора!

Се наоѓаме денес пред вас, за да посветиме внимание уште еднаш на важноста на процесот на попишување на населението, становите и домаќинствата.
Демократската Унија за Интеграција се погрижи законот за попис на населението да биде сеопфатен, без ниту една забелешка, за сите фази низ кои поминува овој важен статистички процес.

Со закон, се обезбеди можноста секој граѓанин да се попишува, брои, да се види.

Конечно, како и целиот развиен свет и ние како држава ќе ги имаме потребните информации, кои навистина се клулни за изработка на плановите и проектите кои се потребни пред се за нас граѓаните и за самата држава.
Тоа што е најважно овој период е реализацијата на пописот со почитување на највисоките стандарди за заштита од вирусот Ковид 19. Здравствените институции ги имаат изработено правилата кои се задолжителни во текот на процесот на попишувањето.

Сите институции на државниот систем и самиот Завод за Статистика даваат цврсти гаранции дека процесот на попишување се реализира според предвидувањата.

Вратите на нашите домови се отвараат без никаков сомнеж.

Граѓаните се попишуваат.

Ние повикуваме да се попишува и последниот граѓанин.

Најголемиот патриотски чин во овој период е пописот.

Ние сите сме поврзани со нашата земја, со нашите домови, со нашата сопственост. И секој од нас е важен. Затоа да се попишуваме. Пописот ќе трае до 30 Септември.

Драги сестри и браќа за прв пат дијаспората се попишува користејќи ја опцијата за електронско попишување.

Попишувањето на дијаспората продолжува без никаков прекин. Ги повикуваме сите оние кои досега не се попишале да го направат тоа во овој период. Сите граѓани на нашата држава ќе се попишуваат, ќе се избројат и ќе бидат дел од вкупниот број на населението на нашата држава вклучувајќи ја тука и дијаспората. Законот ќе се имплементира до неговата последна буква. Институциите посветено се грижат за правилното спроведување на овој процес.

<iframe src=”https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=314&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FBDI002%2Fvideos%2F591292588691206%2F&show_text=false&width=560&t=0″ width=”560″ height=”314″ style=”border:none;overflow:hidden” scrolling=”no” frameborder=”0″ allowfullscreen=”true” allow=”autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share” allowFullScreen=”true”></iframe>

ТОП ВЕСТИ

Северна Кореја тестираше подводен дрон со нуклеарно оружје

Новиот систем на подводни беспилотни летала, како што објави државната агенција КЦНА, е наменет за тајни напади во водите на непријателот со цел да...

Полиција повикана во домот на Ријана откако непознат маж се обидел да ја запроси

Полицијата била повикана во домот на Ријана во четвртокот откако во куќата дошол маж со намера да ја запроси пејачката. Човекот, чиј идентитет не се...

Земјотрес во Бања Лука

Земјотрес со јачина од 3,8 степени по Рихтер се случи утринава во Бања Лука. Земјотресот е регистириран околу 7:30 часот, покажува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар...

СДСМ: Во заложништво на Апасиев, Мицкоски е класичен антиевропски политичар

Христијан Мицкоски е класичен антиевропски политичар, заложник на Димитар Апасиев и Левица, со кого се наптреваруваат во блокади и кочење на државата велат од...

(ВО ЖИВО) Изјави на премиерот Ковачевски, министерот Меџити и амбасадорката Агелер

Изјави на премиерот Димитар Ковачевски, министерот за здравство Фатмир Меџити и амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер по посетата на реновираниот дел на Универзитетската...