ДУИ го поддржа францускиот предлог и порача дека нашата земја е пред историска одлука

Демократската Унија за интеграција (ДУИ) ја поздравува конструктивната улога на француското претседателство за изнаоѓање на прифатливо решение за македонско-бугарскиот спор и цени дека предлогот даден во форма на идеи за решение е добра основа за одблокирање на нашиот европски пат.

„Нашата земја е пред историска одлука за отворање на преговорите со Европската унија и за затворање на сите спорни прашања со соседите. Затоа цениме дека ваквите шанси за компромис, кои не го загрозуваат идентитетот, јазикот и националното достоинство на нашите македонски сограѓани не треба да се пропуштаат, заради сигурната и прогресивната иднина на државата и регионот“, се наведува во соопштението на ДУИ.

Демократската Унија за интеграција апелира до сите страни кои се вклучени во овој историски процес да пристапат рационално кон содржината на предлогот и заедно да ја донесат долгоочекуваната одлука за деблокирање на евроинтегративниот пат на земјата.

„Заедно со партнерите од владината коалиција, опозицијата, Собранието, Претседателството, државните институции, како и медиумите, граѓанското општество, академскиот свет, врз принципите на транспарентност го започнуваме процесот на консултации во кои како никогаш досега се бара зрелост и рационалност, а не субјективен протагонизам за тесни интереси. Демократската Унија за Интеграција останува доследна на своите позиции за решавање на спорот со Бугарија и поради оваа причина цениме дека францускиот предлог е во дозволените рамки на рационален компромис“, додаваат од ДУИ и потсетуваат дека предлогот ја има поддршката од Вашингтон, од Брисел, од Париз, од Лондон, од Рим и другите западни престолнини.

ТОП ВЕСТИ

Два автомобили и камион се судрија на булевар Србија

Утрово на булевар Србија во правец од Драчево до Аеродром, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два патнички автомобили и еден камион. Патнички автомобил...

Ковачевски: Во однос на безбедносната состојба во државата, граѓаните може да се спокојни

Настаните кои се случија денес силно ги осудувам, и изразувам целосна поддршка на КФОР за сите идни активности кои се во насока на гарантирање...

Почина Шефот на Коза ностра, Матео Денаро, кој беше фатен во јануари по 30 години бегство

Шефот на италијанската мафија Матео Месина Денаро, кој беше фатен во јануари по три децении бегство, почина на 61 година. Денаро се лекувал од...

„ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ“: Ќе наврнат над 40 литри воден талог, Попоски ги предупредува граѓаните, еве каде е најкритично!

Метеорологот Славчо Попоски предупредува дека поројно врнежи од дожд доаѓаат во земјава. Тој истакна дека во текот на денешниот ден на многу места во Македонија...

ВИДЕО: Маж загина набоден од бик на традиционалниот фестивал во Валенсија

Еден човек им подлегнал на повредите откако бил набоден од бик за време на фестивал во источна Шпанија, соопштија денеска властите. Жртвата, која не е именувана,...