ДУИ го претстави првиот завет: Референдум во нашите општини

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) денеска преку прес-конференција елаборираше еден од петте столба на нејзината Изборната програма, вклучувањето на граѓаните во донесувањето на одлуки.

Агим Нухиу од ДУИ истакна дека секојдневната политика подразбира донесување чести и важни одлуки кои влијаат на секојдневниот живот на граѓаните и нивната иднина.

Според ДУИ, сите градоначалници се должни да организираат референдум за сите важни прашања и да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани.

Во продолжение интегралниот говор:

“Избери живот и гласај зелено“ – е слоганот на Демократската унија за интеграција за локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври.

Вчера, го претставивме слоганот, додека денес пред вас го претставуваме еден од петте столба на Изборната Програма на Демократската Унија за Интеграција, Агендата за вклучување на граѓаните во донесувањето на одлуки.

Како партија на дадениот збор и направено дело, Демократската Унија за Интеграција се согласи со сите кандидати за градоначалник да се придржуваме до петте заклетви:

-Зелената агенда

-Дигиталната агенда

– Aгендата на вклучување на граѓаните

– Агендата на отворена врата и

– Агендата нула толеранција.

Почитувани граѓани,

Дневната политика подразбира донесување чести и важни одлуки кои влијаат на секојдневниот живот на граѓаните и нивната иднина.

Вклучувањето на граѓаните во одлучувањето значи дека главните одлуки нема да бидат донесени од тесниот круг на раководење во општината непосредното раководство на општината, туку од ВАС, од граѓаните.

Сите наши градоначалници се должни да организираат референдум за сите важни прашања и да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани. Граѓаните ќе зборуваат сами и заедно ќе одлучиме.

Гласот на граѓаните ќе се зајакне уште повеќе. Вие граѓаните ефективно ќе учествувате во јавната политика и одлучувањето во нашите општини.

За да се постигне ова, Демократската Унија за Интеграција во овој нов мандат ја подаде раката и го направи партнер граѓанскиот сектор.

Бројни личности од граѓанското општество се дел од Листите на советници за локалните избори на 17 октомври.

Демократската Унија за Интеграција, пред неколку недели објави јавен конкурс за советници во општина Гостивар, каде интересот на граѓаните беше исклучително голем, со што се направи најдобриот избор за граѓаните на Гостивар.

Повеќето кандидати од граѓанското општество веќе се дел од листата на советници.

Во сите ограноци, Демократската Унија за Интеграција вклучи претставници од граѓанското општество во листите за општински советници, со единствена цел придонесот да биде што е можно поголем преку заедничкото одлучување, за еден нов стандард на локално ниво.

Почитувани граѓани. Денес, го избираме зеленото , го избираме животот, бидејќи ова е најдобрата иднина за нас и за генерациите што доаѓаат.

Избери Живот,

Гласај Зелено!

ТОП ВЕСТИ

(Видео) Сондата со примерок од опасниот астероид стигна на Земјата

Сондата со примерок од астероидот Бену слета на Земјата во неделата. Научниците на НАСА се надеваат дека материјалот може подобро да објасни како настанал...

Во Дебар отворен фестивалот “Албански театар во Македонија”

Со претставата „Лет над албанскиот театар” во режија на Ерсон Зимберај, а во изведба на албанскиот театар од Куманово, синоќа  во Центарот за култура...

Два автомобили и камион се судрија на булевар Србија

Утрово на булевар Србија во правец од Драчево до Аеродром, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два патнички автомобили и еден камион. Патнички автомобил...

Ковачевски: Во однос на безбедносната состојба во државата, граѓаните може да се спокојни

Настаните кои се случија денес силно ги осудувам, и изразувам целосна поддршка на КФОР за сите идни активности кои се во насока на гарантирање...

Почина Шефот на Коза ностра, Матео Денаро, кој беше фатен во јануари по 30 години бегство

Шефот на италијанската мафија Матео Месина Денаро, кој беше фатен во јануари по три децении бегство, почина на 61 година. Денаро се лекувал од...