Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) денес преку прес конференција го претстави и третиот столб по ред, тој на Агендата на отворени врати.
Бујар Османи од Демократската Унија за Интеграција посочи дека како резултат на новата агенда на ДУИ, градоначачниците имаат обврска да ги држаат отворени вратите за на фокус да ги имаат граѓаните.
Според него, Агендата на отворени врати значи чести состаноци на градоначалниците со граѓаните кои им ја дадоа довербата за владеење и нивно претставување, кои го зголемуваат нивото на ефикасност на работата за поефикасно таргетирање на нивните потреби.
Во продолжение целосниот говорот:
Почитувани граѓани,
Почитувани медиуми и сите присутни,
Демократската Унија за Интеграција денес продолжува со презентирање на нејзиниот трет завет по ред, оној на отворената врата за граѓаните.
Верувајте во зеленото, бидејќи само заедно можеме да го реализираме зелениот сон. Изборната кампања на Демократската Унија за Интеграција, како што нагласивме, треба да расветли како кандидатите ќе работат повеќе во општината што ќе ја водат и како граѓаните ќе бидат повеќе вклучени во одлучувањето, со што нивниот глас ќе се слуша секој ден повеќе.
Демократската Унија за Интеграција од своето основање се залага сите функционери во нивната работна агенда принципиелно да го спроведуваат етичкиот кодекс на функционерите, во кое владеењето во служба на граѓаните е главен приоритет.
Како резултат на новата агенда на Демократската Унија за Интеграција, градоначалниците имаат должност да ги држат вратите на своите канцеларии отворени ставајќи го граѓанинот во фокусот на нивното работење.
Почитувани,
Токму ова е зелената агенда, поквалитетен живот за сите граѓани бидејќи вака сакаме да се управуваат нашите општини.
Што значи Агендата на отворени врати?
Градоначалниците на нашите општини се во служба на граѓаните и општините им припаѓаат на граѓаните.
Не смее да има затворена врата за потребите на граѓаните.
Сите граѓани ќе имаат целосен пристап до градоначалниците бидејќи општината е нивна.
Честите состаноци на градоначалниците со граѓаните кои им ја дадоа довербата за владеење и нивно претставување го зголемуваат нивото на ефикасност на работата за поефикасно таргетирање на нивните потреби.
За градоначалникот е полесно да ги идентификува развојните потреби на општината што ја предводи доколку ја отвори вратата на својата канцеларија, ги слуша грижите и барањата на граѓаните.
Отворената врата на градоначалниците од редовите на Демократската Унија за Интеграција се единствениот начин на директна комуникација на локалната власт со граѓанинот. значи пристап на граѓаните не само до услугите што ги даваат општините и органите на општината, туку и директен пристап до носителот или извршителот на функциите, вклучително и самите градоначалници, кои ќе бидат блиску и ќе ги решат сите грижи и проблеми кои ги имаат граѓаните од наједноставниот до најкомплицираниот проблем што може да се појави.
Отворената врата на градоначалниците кои ги води и ќе продолжи да ги води Демократската унија за интеграција, се единствениот начин за директна комуникација помеѓу локалната власт и граѓанинот, односно за надминување на евентуалните проблеми со кои граѓаните секојдневно може да се соочуваат.
Отворената врата на институциите и општините значи зголемување на нивото на транспарентност, создавање взаемна доверба, сериозен пристап за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
За ова, ќе ги држиме за збор сите градоначалници. Нашите патишта ги избираме секогаш заедно.
Го избираме зеленото, го избираме животот бидејќи ова е најдобрата иднина за нас и за идните генерации.