ДУИ: Коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса ја суспендираа двојазичноста во Скопје

Шефот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми одржа денес прес конференција на која зборуваше за последните постапки на директорот на КИЦ за заобиколување на употребата на албанскиот јазик, за тенденциите и сценаријата на Алијанса, Беса, ВМРО и Левица за поттикнување на тензии и омраза.

Шефот на пратеничката група на ДУИ, Адеми истакна дека Алијанса за Албанците и Движењето Беса докажуваат политичка незрелост и го прекршуваат Законот за употреба на јазиците за да поттикнат тензии.

“Овој чин на директорот на Културно-Информативниот Центар на коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса предизвика многу реакции бидејќи со овој потег партнерите на коалицијата Алијанса за Албанците и Движењето Беса докажуваат политичка незрелост од една страна и од друга страна го прекршуваат Законот за употреба на јазиците кој е веќе во сила, со цел да ги поттикнат меѓуетничките тензии во време кога целиот континент страда поради војната во Украина. Ова може да биде само сценарио кое оди во прилог на Русија, како што беше и сценариото на мнозинството 61”, истакна Адеми од ДУИ.

Во продолжение целосниот говор:

Почитувани граѓани,

Почитувани медиуми,

Албанскиот јазик во Република Северна Македонија е официјален јазик во согласност со Охридскиот договор и Уставот на државата.

За тоа како би изгледало едно владеење на коалицијата ЛЕВИЦА, составена од ВМРО, Алијанса, Левица и Беса најдобро се демонстрира со незаконското отстранување на употребата на Албанскиот јазик во Културно-Информативниот Центар, институција во рамките на Град Скопје.

Овој чин на директорот на Културно-Информативниот Центар на коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса предизвика многу реакции бидејќи со овој потег партнерите на коалицијата Алијанса за Албанците и Движењето Беса докажуваат политичка незрелост од една страна и од друга страна го прекршуваат Законот за употреба на јазиците кој е веќе во сила, со цел да ги поттикнат меѓуетничките тензии во време кога целиот континент страда поради војната во Украина. Ова може да биде само сценарио кое оди во прилог на Русија, како што беше и сценариото на мнозинството 61.

Скопје е двојазичен и мултиетнички град, но Коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса намерно поттикнуваат беззаконие, тензии и омраза.

Коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса ја замени Сермине Пурини со Ангел Димитров, го замени Ардијан Муча со Ангеле Сотировски.

Коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса ја суспендираа двојазичноста.

Коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса и се враќа на изградбата на крстови и на Скопје 2014, наместо да гради училишта, болници, патишта.

Коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса поттикнува штрајкови и ги остава на цедило децата и родителите за време на најтешката економска криза во континентот и по двегодишна пандемична изолација.

Вчера видовме колку уморни и немоќни се Коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса.

Алијанса и Беса и стојат МИРНО на Левица и ВМРО.

Алијанса и Беса се патерица на Левица и ВМРО.

Коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса исто така избркаа десетици Албанци од претпријатијата на Градот Скопје.

Вчера, на пример, излезе нашиот омилен нестатутарен претседател на Коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса, Зиадин Села и зборуваше за Законот за Игрите на Среќа кој неговата коалиција, Коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса го блокираа во Собрание веќе 10 месеци, каква хипокризија, какво лицемерие. Усвојте го законот, бидете храбри, вратете им го зборот на ВМРО и Левица или пак опашката ви е фатена со изборната врата во Тетово и Гостивар?!

Вие сте уморни, неспособни, безидејни и штетни за Албанците и државата.

Албанците и сите други не треба да се чувствуваат загрижени бидејќи ние сме тука и нема да дозволиме такви неспособни и квинслишки авантуристи да им наштетат на достигнувањата на Албанците.

Видео материјал:

https://fb.watch/cudDjbJKLs/

ТОП ВЕСТИ

МНР на Косово ги повика граѓаните да избегнуваат преминување низ Србија

Косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора апелираше до граѓаните на Косово да избегнуваат преминување преку Србија, поради ситуацијата на север во државата. „Поради ситуацијата...

Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: Гордо ќе го пречекаме како победник

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го посети семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој е обвинет од хашкиот трибунал за воени злосторства за...

Ѓоковиќ водеше „жестока војна“ со Давидович Фокина, но обезбеди осминафинале во Париз

Новак Ѓоковиќ успеа да обезбеди осминафинале на Ролан Гарос и тоа откако ја оправда фаворитската улога во дуелот со Алехандро Давидович Фокина. Голема битка се...

Три лица загинаа во сообраќајка кај Кадрифаково, меѓу нив и 15-годишно девојче

Три женски лица го загубија животот, а уште четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Штип - Миладиновци...

Путин поттикнува немири на Балканот како нов фронт во неговата војна против Западот

ДРАГАН МИШЕВ Путин подготвува нов фронт во неговата војна против Западот. За таа цел се чини дека нема подобра опција од тоа да поттикнува...