ДУИ: Нашата програма го гарантира развојот на Арачиново, заокружете број 3

Под мотото „Избери живот, гласај зелено“, Демократската Унија за Интеграција денеска ја претстави изборната програма за општина Арачиново.

Ридван Ибраими, кандидат за градоначалник на ДУИ на денешната прес конференција истакна дека главните столбови на програмата за подобар живот за Арачиново се подобрувањето на патната инфраструктура, грижата за водоводната и канализационата мрежа, подигнување на нивото на јавна чистота, поголем квалитет во областа на образованието, зајакнување на механизмите за поголема здравствена и социјална благосостојба.

Ибраими, меѓу другото, нагласи дека неговиот фокус во новиот четиригодишен мандат ќе биде особено решението на проблемот со водоснабдувањето, преместувањето на депонијата од Арачиново и регулирањето на главниот пат во форма на булевар, но исто така и други проекти кои ќе овозможат поквалитетен животен стандард за жителите на Арачиново.

Инаку, ДУИ денеска ќе ги одржи своите предизборни митинзи во Ченто и Арачиново, каде на граѓаните ќе им ги претстави изборните програми за овие две населени места.

Ви го пренесуваме целосниот говор од прес -конференцијата:

Почитувани граѓани,

Почитувани претставници на медиумите,

Добредојдовте на денешната прес -конференција на која ќе ја претставиме програмата на Демократската Унија за Интеграција за општина Арачиново. Општина Арачиново ќе биде во фокусот на сите нас, а посебно во мојот фокус во четиригодишниот мандат по победата на овие локални избори.

Една зелена општина, како што е и нашата Зелена агенда, е приоритет на сите нас, бидејќи мора да ги спроведеме аманетите и обврските што ги добивме и да се придржуваме до петте завети на Демократската Унија за Интеграција.

Почитувани граѓани,

Дозволете ми накратко да ги елаборирам во кратки црти некои од проектите што се во изборната програма на Демократската Унија за Интеграција за општина Арачиново.

Од инфраструктурните проекти, оние од областа на образованието и здравјето, социјалната заштита, па се оние за животната средина, младите, спортот, културата и регионалната соработка.

Во областа на инфраструктурата во нашата програма ги предвидуваме следниве проекти:

– Правилно управување со водоводната мрежа во Арачиново и снабдување со вода за пиење од браната во Липково за селата Орланце, Грушина и Мојанце,

– Интервенции во инфраструктурата, санација на сите патишта, бекатонизација на улички и тротоари, атмосферска канализација на патиштата,

– Регулирање на главниот пат како булевар во Арачиново,

– Подобрување на условите во сообраќајот и зголемување на безбедноста во сообраќајот,

– Изградба на патот Груштина-Никуштак, во соработка со општина Липково, како и други проекти.

Образованието и создавањето подобри услови за развој на образовниот процес останува еден од нашите приоритети. Во оваа област предвидуваме:

– Реконструкција на образовните објекти, со што ќе се подобрат хигиенско-санитарните услови и имплементација на проекти за зголемување на енергетската ефикасност во сите населени места каде што ќе се појави потреба.

Исто така, ќе инвестираме во културата на локално ниво:

– Иницијатива за создавање народни групи за деца со цел зачувување на културната традиција,

– Изградба на библиотека во Арачиново,

– Континуирана поддршка за организирањето на историскиот настан на 24 јуни,

– Организирање традиционална средба со дијаспората на општина Арачиново.

Зелената агенда предвидува побогата животна средина. Во областа на животната средина предвидуваме:

– Регулирање на фекалната и атмосферската канализација во Арачиново,

– Преместување на депонијата од Арачиново,

– Садење дрвја, како и проширување на зелените површини во центрите и приградските населби.

Во текот на четиригодишниот мандат ќе создадеме подобри услови за граѓаните кои ќе можат да користат подобри здравствени и социјални услуги.

– Пуштање во употреба на амбулантата 24 часа во Арачиново и нејзина целосна реконструкција,

– Помош за лица во ризик, преку обезбедување на билети за автобуси, осигурување на храна, лекови, итн.

– Изградбата на градинката во Арачиново, се проекти што имаме намера да ги реализираме во текот на следните четири години за поголема благосостојба.

Нашата програма предвидува многу други проекти во различни области, кои заедно со вас ќе можеме да ги реализираме откако ќе ja добиеме довербата на локалните избори на 17 октомври.

Имаме многу амбициозен и одговорен план за следните четири години.

Заедно за поразвиено Арачиново!

Изберете живот, гласајте зелено!

ТОП ВЕСТИ

(ВО ЖИВО) Изјави на премиерот Ковачевски, министерот Меџити и амбасадорката Агелер

Изјави на премиерот Димитар Ковачевски, министерот за здравство Фатмир Меџити и амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер по посетата на реновираниот дел на Универзитетската...

(ВИДЕО) Запалено градското собрание во градот Бордо на синоќешните протести во Франција

Според извештаите на француското МВР, на вчерашните протести ширум земјата излегле над еден милион луѓе, а поради немирите низ целата земја биле уапсени 80...

(Видео) Огромен пожар во Истанбул: Огнена стихија зафати хотел, две лица загинаа

Две лица загинаа, а уште две се повредени во пожар што рано утринава избувна во седумкатен хотел во Истанбул. Причината за пожарот засега не е...

24 години од бомбардирањето на НАТО врз Југославија

На 24 март 1999 г. НАТО без одлука на Советот за Безбедност на ОН, започна терористички напад врз СР Југославија. Најмладата жртва на агресијата...

Елмас и Чурлинов ја скршија цврстата Малта на „Тодор Проески“

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIНа Арената „Тодор Проески“, Македонија вечерва забележа победа против...