PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

ДУИ: Платите во образованието ќе се зголемат, oбразовниот процес да продолжи од Понеделник

Apr 16, 2022

Демократската Унија за Интеграција во текот на овие години како дел од власта застана во поддршка на унапредувањето на положбата на просветните работници преку реализирање на континуирано зголемување на платите во образованието кои според статистичките пресметки од 2017 година до сега се зголемени за околу 21%, се вели во партиското соопштение на владејачката ДУИ.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

-Решени сме да ја следиме истата прогресивна политика во континуитет, затоа, следејќи ги последните околности со штрајкот на просветните работници, јасно го изразуваме ставот дека ќе има зголемување на платите во образованието и преку дијалог ќе го најдеме вистинското решение за тоа. Правото на штрајк е загарантирано со закон, но со оглед на големото значење на непреченото и квалитетно одвивање на воспитно-образовниот процес за иднината на децата, Демократската Унија за Интеграција апелира на конструктивност од страна на СОНК за прекин на штрајкот, продолжување на наставата низ училиштата во земјава почнувајќи од понеделник и потоа интензивно продолжување на дијалогот преку кој несомнено дека ќе се најде вистинското решение. Секое натамошно пролонгирање на нормалниот тек на наставата оди на штета на учениците и нивната иднина на патот на знаењето, се загрозува државната матура и полагањето на стручниот испит за петстотини наставници, нешто што не смееме да го дозволиме по сите тие предизвици што заедно успешно ги надминавме низ периодот на пандемијата. ДУИ изразува загриженост за обидите за злоупотреба на протестот од страна на опозициските политички партии и неодговорното поттикнување на кризата која ја чувствуваат сите граѓани, истакнаа од ДУИ.

Како политички субјект дел од Владата, ДУИ гарантира максимална посветеност за понатамошно спроведување на политиките за подобрување на економскиот стандард на сите граѓани со ист пристап како што беа зголемени минималната и просечната плата, додаваат од таму.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ