ДУИ: Повеќе финансии за општините и нивниот развој

Унапредувањето на процесот на децентрализација и финансиската независност на општините е приоритет на Демократската Унија за Интеграција. Во оваа насока, Демократската Унија за Интеграција смета дека усвојувањето од страна на Владата на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа има за цел да зголемување на фискалниот капацитет на општините, нивното економско управување и зголемување на транспарентноста.

Предложените измени ќе го подобрат фискалниот капацитет и ќе ги зголемат приходите на општините преку постепено зголемување на стапката на грант од ДДВ и персоналниот данок на доход, со цел поголема финансиска независност и стабилност на единиците на локалната самоуправа.

Со предлог-законот се предвидува постепено зголемување на приходите од персонален данок на доход од 3% на 6% до 2024 година, односно процентот за 2022 година ќе биде 4%, за 2023 година ќе биде 5% и за 2024 година ќе биде 6%. Овие приходи општините ги добиваат од приходите од персоналниот данок на доход од платите на физичките лица, наплатени во општината во која се пријавени со адреса и живеалиште. Законот, исто така, предлага промени за постепено зголемување на стапката на дотација на ДДВ од 4,5% на 6%. Ова овозможува обезбедување на приходи од ДДВ во износ од 6%, од наплатениот ДДВ остварен во претходната фискална година почнувајќи од 2024 година. Во исто време, и овде се предвидува постепено зголемување, така што во 2022 година ќе биде 5% и во 2023 година ќе постигне 5,5%.

Со реформите во финансискиот сектор, предвидено е и формирање нова Агенција за регионален и локален развој преку која ќе има повеќе средства за општински инфраструктурни проекти, што ќе придонесе за побрз регионален развој. Агенцијата ќе обезбеди средства од централниот буџет, но и финансиски средства од локални и меѓународни финансиски институции за финансирање капитални инфраструктурни проекти на општините.

Демократската Унија за Интеграција го има во фокус развојот на општините и во оваа насока смета дека реформите во финансискиот систем се неопходни со цел општините да ги реализираат проектите кои се во интерес на граѓаните и да создадат услови за поквалитетен живот.

ТОП ВЕСТИ

Претседателот на ДУИ го назначи Рафис Алити за кординатор на огранокот на ДУИ во Сарај

Претседателот на Демократската унија за интеграција, во рамките на неговите законски овластувања, го назначи Рафис Али за координатор на огранокот на ДУИ во Сарај,...

Неверојатна сличност: Помладата ќерка на Адријана Лима и Марко Јариќ е копија на нејзиниот татко (ФОТО)

Адријана Лима и Марко Јариќ во седумгодишниот брак добија две ќерки Валентина (13) и Сијена (10). И иако манекенката и поранешната кошаркар се...

Детали од МВР за големата акција: Уапсени двајца арачиновци, спречен транспорт на дрога во вредност од 100.000 евра

Денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи - Единица за...

Маж влетал со автомобил меѓу пешаци на аеродромот во Келн, има повредени

Педесет и седумгодишен маж со автомобил влетал во пешаци во паркинг гаража на германски аеродром при што повредил неколку лица, соопшти полицијата, пренесува Дојче...

Полициска акција на наплатната рампа кај Тетово, запленета голема количина дрога, уапсени дилери

На наплатната рампа пред Тетово, на автопатот Гостовар-Тетово утрово околу 7 часот, полицијата заплени големо количество дрога и уапси двајца оосмничени дилери, информираа за...