ДУИ: Правиме историја во Чашка, заокружи број 3

Суат Шаќири, кандидат за градоначалник на ДУИ на денешната прес конференција истакна дека главните столбови на програмата за подобар живот за Чашка се подобрувањето на патната инфраструктура, грижата за водоводната и канализационата мрежа, подигнувањето на нивото на јавна чистота, поголем квалитет во областа на образованието, зајакнување на механизмите за поголема здравствена и социјална благосостојба.

Под мотото „Избери живот, гласај зелено“, Демократската Унија за Интеграција денеска ја претстави изборната програма за општина Чашка.
Шаќири, меѓу другото, нагласи дека неговиот фокус во новиот четиригодишен мандат ќе биде особено решението на проблемот со водоснабдувањето, нова модерна депонија во Чашка, и регулирањето на главниот пат, но исто така и други проекти кои ќе овозможат поквалитетен животен стандард за жителите на Чашка.

ДУИ денеска ќе ги одржи своите предизборни митинзи во Велес и Чашка, каде на граѓаните ќе им ги претстави изборните програми за овие две населени места.

Ви го пренесуваме целосниот говор од прес -конференцијата:

Почитувани граѓани,
Почитувани медиуми,

Дозволете ми денес да ја претставам Изборната платформа за општина Чашка, платформа на Зелената агенда што Демократската Унија за Интеграција ја има во својот план за новиот четиригодишен мандат на Локалните избори на 17 октомври.

Демократската Унија за Интеграција секогаш има направено историја, создава моменти за Албанците во земјата да се чувствуваат горди и безбедни, за фактот дека тие имаат претставници во секоја институција од локално до централно ниво.

Би сакал денес да откријам некои од проектите што планираме да ги реализираме во текот на четиригодишниот мандат во општина Чашка, по добиената доверба на 17 Октомври, каде ќе запишеме историја, бидејќи за прв пат една албанска партија Демократската Унија за Унтеграција има свој кандидат за Градоначалник на оваа општина, и на оваа прес -конференција, исто така, ја барам вашата поддршка.

Изборната програма за општина Чашка има сериозни проекти, изводливи и во фокусот ја има Зелената агенда.

На прв фокус ги ставивме децата и младите, оние кои се иднината на оваа земја, со што ќе создадеме здрава животна средина за секое дете, игралишта во секоја населба на Чашка, спортски игралишта, фитнес центри, спортски сали, основање на спортски клубови како и безрезервна поддршка за спортот воопшто, бидејќи самиот спорт е здравје, и тоа е Зелената агенда.

Мојата поддршка како кандидат за градоначалник и целиот мој тим нема да недостасува дури и за жените кои се составен дел од општеството и столбот на семејството. Ќе ги вклучиме во сите наши програми, обуки и разни курсеви за нашите мајки и сестри, вклучувајќи обуки за разни ракотворби и можност за нивниот пласман да го најде вистинското место на пазарот, а со тоа и сигурноста на приходите ќе се зголеми.

Поддршката нема да изостане ниту за пензионерите, оние кои се грижеа за нас со години. Мојата програма предвидува отворање на пензионерски клубови во секоја село, како и периодични рекреативни активности.

Инфраструктурата е уште една област на која ќе посветиме исклучително внимание, со што ќе обезбедиме вода за пиење за секоја населба, регулирање и грижа за водоводните мрежи и квалитетот на водата, јавно осветлување за секоја населба, асфалтирање и бекатонизација на секоја улица.

Изборната програма на ДУИ за општина Чашка предвидува и враќање од локален на регионален пат од Дренова до Јаболчиште. Одржувањето, чистењето и зголемувањето на безбедноста во сообраќајот е исто така наш приоритет. Ќе го поврземе Јаболчиште со Долнени и Скопје, како и други нови патишта, но истовремено ќе ги олесниме процедурите за легализација на имотите и составување урбанистички планови за населените места.

Образованието и културата се исто така дел од нашата Изборна програма, која предвидува отворање на паралека по албански јазик во Чашка, 9-годишно училиште во Долен Јаболчиште, часови по турски јазик во Мелница, реконструкција на образовни објекти, отворање библиотеки како дел од зачувувањето и промовирањето на нашите вредности. Организирање саеми и фестивали со народни песни како и културна недела за нашите сограѓани на Чашка што жиеваат во странство.

Економијата, туризмот и земјоделството се области од кои зависат жителите на овој крај, така што ќе посветиме големо внимание на земјоделците во модернизирање на механизацијата, создавање услови за пласман, субвенции со ИПАРД фондовите и инсталирање на системи за наводнување, додека туризмот носи и приход, ќе се грижиме посебно од наша страна во промовирање и создавање максимални услови, изградба на пешачки патеки на врвот на Солун, изградба на планински куќи и формирање клубови за јавање и спортски мотоцикли.

Почитувани,
Здравјето и животната средина се исто така во мојот фокус и Изборната програма. Населбите во Чашка чувствуваат недостаток на амбулантни кои не се во функција, а со нашата победа истите ќе се ставаат во функција од првиот ден, а потоа и отворање на аптеки и лаборатории. Јавната чистота е уште една важна работа, а со тоа и регулирање на коритото на реката Тополка, како и воспоставување на регионална депонија и управување според современите стандарди.
Соработката со граѓанскиот сектор воопшто нема да недостасува, стимулирајќи ги да основаат невладини организации, организирање на обуки за меѓународните програми.

Ќе создадеме ефективна и ефикасна администрација за подобри услуги на граѓаните. Ви ветувам дека сите услуги ќе се вршат во општина Чашка, a на нашата Агенда се младите и нивното вработување.

Почитувани граѓани,
Нашата програма предвидува и многу други проекти, кои заедно со вас ќе можеме да ги реализираме откако ќе ја добиеме доверба на локалните избори на 17 октомври.

Имаме многу амбициозен и одговорен план на следните 4 години.

Заедно за поразвиена Чашка.
Изберете живот, гласајте зелено.
Ви благодарам.

ТОП ВЕСТИ

Претседателот на ДУИ го назначи Рафис Алити за кординатор на огранокот на ДУИ во Сарај

Претседателот на Демократската унија за интеграција, во рамките на неговите законски овластувања, го назначи Рафис Али за координатор на огранокот на ДУИ во Сарај,...

Неверојатна сличност: Помладата ќерка на Адријана Лима и Марко Јариќ е копија на нејзиниот татко (ФОТО)

Адријана Лима и Марко Јариќ во седумгодишниот брак добија две ќерки Валентина (13) и Сијена (10). И иако манекенката и поранешната кошаркар се...

Детали од МВР за големата акција: Уапсени двајца арачиновци, спречен транспорт на дрога во вредност од 100.000 евра

Денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи - Единица за...

Маж влетал со автомобил меѓу пешаци на аеродромот во Келн, има повредени

Педесет и седумгодишен маж со автомобил влетал во пешаци во паркинг гаража на германски аеродром при што повредил неколку лица, соопшти полицијата, пренесува Дојче...

Полициска акција на наплатната рампа кај Тетово, запленета голема количина дрога, уапсени дилери

На наплатната рампа пред Тетово, на автопатот Гостовар-Тетово утрово околу 7 часот, полицијата заплени големо количество дрога и уапси двајца оосмничени дилери, информираа за...