ДУИ: Се гледа кој е за Европа, а кој е против!

Демократската Унија за Интеграција најостро го осудува антиевропското насилство на улиците во Скопје поттикнато и спроведено од проруските елементи во нашата земја кои се против ЕУ, НАТО, добрососедството, мирот, стабилноста и безбедноста во државата.

Последните случувања во земјава, по предлогот на Советот на ЕУ за преговарачката рамка за Република Северна Македонија ги откриваат поделбите во општеството меѓу прогресивните сили за поддршка на Европската Унија и регресивните сили против ЕУ.

Регресивните сили во земјава кои ги поддржуваат насилните протести се обидуваат да го попречат европскиот процес што Република Северна Македонија веќе го финализира.

За разлика од регресивните, прогресивните сили во земјава кои ги донесоа Охридскиот договор, Договорот од Преспа, членството на земјата во НАТО и автокефалноста исто така, успешно го решаваат прашањето со Република Бугарија за да се обезбеди европската перспектива на нашата земја.

Европската Унија, Вашингтон, Лондон, Париз, Рим, Берлин, Брисел и сите пријатели на нашата земја го поддржуваат овој предлог.

Демократската Унија за Интеграција го повикува целото граѓанско општество, академскиот свет, медиумите, аналитичарите, сите прогресивци во општеството да се приклучат на европскиот дух и да се оградат од антиевропското насилство кое се поттикнува за создавање нестабилност.

ТОП ВЕСТИ

Samsung SmartThings ги поврзува луѓето со најважните работи < Опсервер

Скопје, С. Македонија – 31 август 2023 година – Samsung Electronics Co., Ltd денеска ги прикажа своите најнови иновации за поврзан дом. За...

Apple ќе го претстави новиот iPhone на 12 септември < Опсервер

На 12 септември Apple ќе претстави нови производи, вклучувајќи ја новата телефонска линија iPhone 15 и паметните часовници од следната генерација. <!-- <!-- <!-- ...

Специјална соработка за паметниот проектор „The Freestyle“ < Опсервер

Samsung Electronics во соработка со светски познатата корејска група BTS најавија премиера на краток филм во кој SUGA (член на групата), како амбасадор...