Под мотото „Избери живот, гласај зелено“, Демократската Унија за Интеграција денеска ја претстави изборната програма за општина Врапчиште.
Неби Реџепи, кандидат за градоначалник на ДУИ на денешната прес конференција истакна дека главните столбови на програмата за подобар живот за Врапчиште се подобрувањето на патната инфраструктура, грижата за водоводната и канализационата мрежа, подигнувањето на нивото на јавна чистота, поголем квалитет во областа на образованието, зајакнување на механизмите за поголема здравствена и социјална благосостојба.
Меѓу другото, кандидатот Реџепи нагласи дека неговиот фокус во новиот четиригодишен мандат ќе биде особено решението на проблемот со водоснабдувањето и други проекти кои ќе овозможат поквалитетен животен стандард за жителите на Врапчиште.
ДУИ денеска ќе продочжи со предизборен митинг во Врапчиште, каде на граѓаните ќе им гo претстави изборната програма.
Ви го пренесуваме целосниот говор од прес -конференцијата:
Почитувани граѓани,
Почитувани претставници на медиумите,
Денес пред вас, како кандидат на Демократската Унија за Интеграција за градоначалник на Општина Врапчиште, ќе ја презентирам изборната програма за развој на сите населени места на Врапчиште, која содржи проекти што ќе влијаат на подигнување на животниот стандард на жителите.
Го започнуваме нашиот пат за долгоочекуваната промена во Врапчиште со јасна визија, со петте заговори на зелената агенда и со бројни проекти за подобрување на патната инфраструктура, регулирање и одржување на водоводната и канализационата мрежа во секоја населба, создавање спортски објекти и центри за рекреација, одржување на јавното осветлување, дигитализирана општинска администрација, како и многу други кои се одраз на гласот на барањата на граѓаните.
Ќе ги набројам само некои од многуте проекти и меѓу најважните во населените места на општина Врапчиште:
Во Врапчиште ќе ги замениме водоводните цевки од изворот до првите сливови во должина од 3000 m за да го искористиме капацитетот на целиот извор, ќе ја проектираме и реализираме изградбата на помошниот пат околу автопатот Врапчиште – Зубовце, ќе ја завршиме реконструкцијата на патот Врапчиште – Галата, ќе го одржуваме и поправаме коритото на реката Мурговец, ќе продолжиме и ќе ја завршиме изградбата на патoт во полето во населбата Поток и многу други проекти.
Во Добрдол ќе го проектираме и изградиме помошниот пат околу автопатот Добрдол – Неготино, ќе ја реконструираме и одржуваме секундарната водоводна мрежа во внатрешноста на селото, ќе ги прошириме капацитетите на амбулантата.
Во Градец ќе се грижиме за канализационата мрежа, за одржување и реконструкција на секундарната водоводна мрежа, ќе го прошириме и асфалтираме патот низ индустриската зона, ќе проектираме и градиме филтер станица за вода за пиење, проектирање и изведба на рекреативниот центар Расадник, модернизација на спортскиот простор на малиот стадион.
Во Неготино ќе го изградиме и модернизираме центарот на селото, ќе го изградиме резервоарот за вода за пиење, ќе го асфалтираме и ќе го прошириме помошниот пат Неготино – Градец, ќе ги асфалтираме патиштата Неготино – Добердол и Неготино – Калиште, ќе го регулираме коритото на реката Муздаче во преостанатите делови и околу него ќе градиме шеталиште од Чаршијата до малиот мост, ќе ја изградиме канализациона мрежа и многу други проекти.
Во Санакос ќе ја санираме примарната и секундарната водоводна мрежа, ќе го изградиме фекалниот колектор Санакос – Градец, ќе го изградиме потпорниот sид околу регионалниот пат кај ридот Санакос, ќе го изградиме кружниот тек на крстосницата кај Стадионот.
Во Топлица ќе го изградиме каналот за наводнување, ќе ја реконструираме и одржуваме патната инфраструктура, ќе ја изградиме Поликлиниката во просториите на амбулантата на селото и ќе го изградиме патот што ќе ја поврзе Топлица со Добрдол.
Во Калиште ќе го прошириме и асфалтираме патот Неготино – Калиште во должина од 3,5 километри, ќе ја изградиме водоводната мрежа од изворот (планините) до постојниот водовод, ќе го проектираме и изградиме центарот на селото.
Во Ломница ќе ја поправиме и одржуваме патната инфраструктура и ќе се грижиме за промената на електричните столбови.
Во Ѓурѓевишта ќе го прошириме училишниот објект, ќе ја санираме секундарната водоводна мрежа, ќе го поправиме каналот за наводнување долг 4 километри и ќе го поправиме главниот пат од селото Сенакос до Ѓурѓевиште.
Почитувани граѓани,
Ова беа само дел од проектите кои се мои заложби како кандидат и на Демократската унија за интеграција за подобар живот на жителите на општина Врапчиште.
Изберете живот, гласајте зелено!
Заокружете го бројот 3!