ДУИ: Таравари и Села во одбрана на насилниците врз жените и криминалците

Демократската Унија за Интеграција остро реагира и на најновите скандалозни тврдења на Алијансата за Албанците, кои им застануваат во одбрана на сторителите на насилство врз жените и криминалците насилници на полицијата и институциите.

Алијансата за Албанците не го осудува насилството предизвикано за време на вчерашните протести во градот Тетово.

Алијансата за Албанците не ги осудува ниту нападите врз органи на јавниот ред и мир што вчера ги предизвикаа демонстрантите.

Алијансата за Албанците дури и не го осудува насилството врз жените преку навредливи зборови и слични пароли насочени кон жените во овој случај.

Напротив, Алијансата за Албанците застанува во одбрана на докажани криминалци и извршители на насилство врз жени.

Дека се мотивирачи и соучесници во вчерашниот насилен протест покажува фактот дека одговорниот за медиуми во АА, Арбен Зеќири лично ги објавува пораките упатени до активистите на партијата да учествуваат во протестите, додека потпретседателката на огранокот на АА во Тетово Нурије Нука Бајрами во текот на вчерашниот ден беше видена на камерите во живо додека ги охрабруваше демонстрантите да ги пробијат полициските кордони.

Демократската Унија за Интеграција, уште еднаш ги повикува сите политички сили во земјата да се дистанцираат од насилството на протести, да бидат внимателни со јазикот што се користи против жените, бидејќи тие се ниски дела и не припаѓаат на една висока граѓанска демократија.

ТОП ВЕСТИ

Руските пропагандисти со лажно видео ги „закопуваат“ паднатите украински војници во биоразградливи мешунки

Руските пропагандисти измислија ТВ сторија наводно направена од каналот 1+1. Масовните медиуми во Кремљ, сметките на Фејсбук на кинески јазик, каналите на Z-Telegram, проруските сметки на Тик-Ток и некои сајтови...

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како...

Ковачевски: Се намалува маржата на овошјето и зеленчукот, а гарантирана цена добиваат и пијалоците

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека Владата одлучила да ја прошири листата на производи со „загарантирана цена“. „Списокот на производи со гарантирана цена ќе се проширува....

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Пендаровски на Шерец му заблагодари за словенечката поддршка за пристапувањето на нашата земја кон ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за одбрана на Република Словенија, Марјан Шарец, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беше потврдена...