ДУИ: Теарце ќe го продолжи својот развој со Нухи Незири. Заокружете број 3!

Демократската Унија за Интеграција продолжува да им ги презентира на граѓаните програмите со конкретни проекти за сите општини, врз основа на зелената агенда и нејзините пет завети. Бесник Османи, носител на листата на кандидати за општински советници во Општина Теарце на денешната прес-конференција денеска ја претстави пројектираната четиригодишна програма за продолжување на развојот на Теарце.

Програмата изработена за развој на Теарце и квалитетниот живот на нејзините жители се фокусира на подобрување на патната инфраструктура, реконструкција и одржување на водоводната, канализациската мрежа и мрежата за наводнување, управувањето со отпад, гасификацијата, квалитетното образование, поголемата здравствена заштита и многу други области од општествениот живот.

Тој ги покани граѓаните да гласаат со број 3 на 17 октомври и да застанат во поддршка на кандидатот за градоначалник на Теарце Нухи Незири и листа на кандидати за општински советници.

Во продолжение ви го пренесуваме целосниот говор од денешната прес -конференција:

Почитувани граѓани,

Почитувани претставници на медиумите,

Добредојдовте на денешната прес -конференција на која ќе ја претставиме програмата на Демократската Унија за Интеграција за општина Теарце.

Општина Теарце ќе продолжи да биде во нашиот фокус во четири годишниот мандат по победата на локални избори кои ќе се одржат на 17 Октомври.

Една зелена општина, како што е нашата Зелена агенда, на сите ни е приоритет, бидејќи мора да ги спроведеме обврските што ги добивме придружувајќи се до петте завети на Демократската унија за интеграција.

Дозволете ми накратко да елаборирам за некои од проектите што се во изборната програма на Демократската Унија за Интеграција за општина Теарце. Оваа програма предвидува проекти од областа на инфраструктурата, проекти од областа на образованието и здравјето, социјалната заштита, животната средина, младите, спортот, културата и регионалната соработка.

Почитувани граѓани,

Ќе изградиме модерна и развиена општина, со поголеми надлежности и повеќе финансии, транспарентна и одговорна, како и региони со еднаков развој.

Буџетот на општината ќе биде усвоен преку претходни јавни консултации со граѓаните. Транспарентноста и отчетноста ќе бидат основа на нашата работа, при што ќе се објават сите финансиски извештаи и трансакции и ќе се презентираат проектите пред граѓаните.

Демократската Унија за Интеграција ќе се ангажира за подобрување на бизнис климата, за што обезбедува заштита на инвеститорите, строга имплементација на договорите, олеснување на процедурите за дозволи, регистрација и поволни услови за трговија.

Посебен акцент ќе биде ставен на поддршка на малите и средни претпријатија во тесна соработка со другите институции за да се создаде сигурност и континуитет во таквите инвестиции со предвидени средства за успешна имплементација на проекти.

Нашата платформа ќе се базира на развој и завршување на многу проекти, особено во:

– Патна инфраструктура,

– Општинска инфраструктура – како водоводна мрежа, мрежа на фекални води, мрежа на атмосферски води, мрежа за наводнување

– Собирање на отпад,

– Рециклирање на отпад

– Електрична мрежа,

– Газификација.

Од особено значење се проектите што овозможуваат поврзување на примарната рурална мрежа со автопатот Тетово-Јажинце.

Подобрувањето и модернизацијата на целата инфраструктурна мрежа за нормален развој на транспортот на луѓе и стоки.

Во рамките на јавното претпријатие со акционен план, ќе се предвиди формирање на против пожарна единица, која исто така може да биде меѓуопштинска, создавајќи нова димензија на соработка помеѓу две или повеќе општини.

Културно-историските добра го претставуваат идентитетот не само на земјата, туку и на самите граѓани кои гравитираат на овие простори. Тие претставуваат ресурси кои мора да се одржуваат и развиваат за да бидат употребливи.

Овие вредности се зачувани и култивирани со воспоставување институции за нивно култивирање со неколку културно-уметнички друштва и граѓански организации кои ги пренесуваат вредностите на идните генерации.

Во фокусот на нашата работа ќе биде соработката со сите невладини организации, фондации или други форми на граѓанска организација, ќе се инсистира овие програми да бидат поддржани во сите правци за да се создаде праведен однос на меѓусебна соработка за сензибилизирање на граѓаните и институциите за активноста и улогата на самите организации во нашето општество.

Почитувани граѓани,

Ова беа само некои од нашите заложби кои ги презентирав како носител на листата советници на Демократската Унија за Интеграција за подобар живот на жителите на општина Теарце.

Изберете живот, гласајте зелено! Заокружете го бројот 3!

ТОП ВЕСТИ

Груби-Ван дер Белен: Австрија силно го поддржува процесот на европска интеграција на Северна Македонија

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците  Артан Груби, придружуван од премиерот Димитар Ковачевски, како и други министри,...

Замрзнати и намалени цените на хигиенските производи

Владата денеска на седница донесе Одлука за определување највисоки цени за тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни и хигиенски влошки. Највисоките...

Маск и група експерти бараат пауза во развојот на вештачката интелигенција поради „ризици за општеството“

Илон Маск и група експерти за вештачка интелигенција повикуваат на шестмесечна пауза во развојот на системи помоќни од неодамна лансираниот GPT-4, во отворено...

Ковачевски-Белен: Потврдена одличната соработка со Австрија, Северна Македонија одлучно продолжува на патот кон ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува...

Лефков и Ковачки го злоупотребуваат пратеничкиот имунитет за навреди и дискредитации

Политичката коректност и пристојна комуникација меѓу пратениците е одамна изгубена во нашето Собрание. Наместо аргументирана дебата, факти, говорницата се користи за меѓусебни навреди и...