PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

ДУИ: Уште повеќе, уште подобро за нашето Тетово

Sep 28, 2021

Демократската Унија за Интеграција денеска ја претстави изборната програма на локалните избори за градот Тетово.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Лиридон Диша, кандидат на Демократската Унија за Интеграција за член во Советот на општина Тетово на денешната прес -конференција ги преброи предвидените проекти за следните четири години, кои како примарна цел го имаат квалитетниот живот на граѓаните преку реализација на петте завети на зелената агенда објавена од Демократската Унија за Интеграција.

Главните цели на изборната програма на ДУИ за Тетово се составени во постојана консултација со граѓаните и имаат за цел континуитет на работата за понатамошен развој на Тетово како чист и зелен град, со регулирана патна инфраструктура, модерна училишна инфраструктура за квалитетно образование, регулиран сообраќај и ефикасна администрација што ќе обезбеди дигитализирани услуги.

Според него, важната иновација предвидена во оваа програма покрај многуте проекти за инфраструктурен развој и еколошко одржување на градот е користењето на туристичкиот потенцијал на Шар Планина која веќе е прогласена за Национален парк за понатамошниот развој на туризмот, зелената економија и за создавање на нови работни места.

Инаку, ДУИ вечерва во Тетово ќе одржи предизборен собир на кој ќе го претстави кандидатот за градоначалник Теута Арифи и Листата на советници.

Целосниот говор од денешната прес -конференција:

Почитувани граѓани,

Почитувани медиуми,

Дозволете ми денес пред вас да ја презентирам изборната програма на Демократската Унија за Интеграција за локалните избори 2021 година за општина Тетово.

Нашата општина има потреба од искусно, посветено раководство, со јасен план за управување, закрепнување на економијата и за да го направи Тетово подобро место за живеење.

Иако можеби не постигнавме 100 проценти од тоа она што би го посакале сите ние, со самодоверба можеме да кажеме дека веќе постигнавме многу.

Една општина со поинакво владеење, со модерна инфраструктура и подобар живот за сите граѓани. За тоа сме се залагале сите, од претседателот Ахмети, градоначалничката г -ѓа Арифи и сите ние што сме дел од овој натпревар полн со предизвици.

Почитувани,

Општина Тетово го заврши ИНДУСТРИСКИОТ булевар, новото основно училиште „Наим Фрашери“ во Мала Речица, реконструкција на сите наши училишта, патот до Бањата и рекреативниот простор, системите за снабдување со вода во руралните средини, реконструкција на улиците и канализациските системи во различни населби и ја завршивме реконструкцијата на новиот младински центар.

Се ставија во функција за прв пат новите автобуси, а сега Тетово има јавен превоз. Со отворањето на детскиот базен и реконструкцијата на кејот на реката, на тетовските семејства им нудиме нова можност за рекреација.

Изградбата на булеварот „Благоја Тоска“ веќе е започната и ќе биде важен придонес за едно Тетово без блокирани патишта и без сообраќаен хаос.

Пуштивме во функција четири нови камиони за собирање на отпад овој месец, заедно со нови контејнери што ќе помогнат да го одржуваме чист нашиот град .

На што ќе работиме во следните четири години?

Почитувани граѓани,

Ви претставувам денес само дел од големите проекти што планираме да ги реализираме за време на новиот мандат.

– Реконструкција на плоштадот на градот

– Поставување на подземни контејнери во 30 локации.

– Изградба на една обиколница во Тетово преку крстосницата Требош – Непроштен.

– Продолжување на булеварот „Благоја Тоска“

– Обезбедување на бесплатен интернет на некои области во градот – бесплатна WiFi зона.

– Зелени површини во градот.

– Интегриран систем за регионално менаџирање со отпад – Русино

– Продолжување на индустрискиот булевар кон село Порој

– Еднонасочни улици во градот

– Претворање на таканаречената “Улица на Бутиците“ во улица со културни и занаетчиски вредности

– Нова општинска зграда

– Намалување на данокот за градба за сите оние што ќе се ангажираат да аплицираат за градби со зелен покрив.

Истотака во функција на подобрување на ефикасноста на општинските услуги за граѓаните сме започнале и во текот на следните четири години ќе го имплементираме целосно проектот за дигитализација на општинските услуги.

Овие и многу други работи за почиста и позелена општина, бидејќи Тетово заслужува повеќе, а нашите граѓани заслужуваат попросперитетен живот.

Со оваа програма, во следните четири години ја прикажуваме нашата посветеност за еден зелен и урбан град, токму во моментот кога Шар планина е прогласена за Национален парк, овозможувајќи ни како туристички центар да отвориме нови работни места, да имаме истакнат туризам и во исто време да имаме зелена економија.

Почитувани граѓани,

Имаме многу амбициозен и одговорен план за следните четири години.

Заедно за едно посветло Тетово.

Изберете живот, гласајте зелено.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ