ДУИ: Во шест општини носителки се жени, ја зајакнуваме улогата на жената во општеството

Демократската Унија за Интеграција на локалните избори ќе се натпреварува со 35 листи за советници и 19 кандидати за градоначалници, истакна на прес конференцијата Арта Билали Зендели од ДУИ. Таа меѓу другото кажа дека листите на ДУИ се содржани од докажани имиња од Граѓанскиот сектор, претставници од младите, жени и успешни личности од различни области.

Арта Билали Зендели од ДУИ рече дека на овие избори во шест општини, како во Струга, Чаир, Шуто Оризари, Битола, Маврово и Куманово носителките на Листи за општинските совети се жени.

Во продолжение говорот на г-ѓа Арта Билали Зендели:

Почитувани граѓани,

Почитувани претставници на медиумите,

Се наоѓаме денес овде пред вас за да соопштиме дека Демократската Унија за Интеграција согласно законските одредби во Изборниот Законик, во предвидениот рок ја достави Листата на кандидати за членови на
Општинските Совети и Листата на кандидати за Градоначалници за локалните избори кои ќе се одржат на 17 Октомври оваа година.

Овие листи се објективна рефлекција на нашиот фокус во служба на граѓаните да бидат достојни кандидати за да бидат гласот на народот, кои ќе се грижат за принципиелната реализација на целта за квалитетен живот на сите граѓани на земјата.

Ве известуваме дека Демократската Унија за Интеграција ќе се натпреварува со вкупно 35 листи на кандидати за Општински совети, додека со кандидати за градоначалници ќе се натпреваруваме во вкупно 19 општини.

Како и секогаш, ја почитуваме адекватната застапеност на жените во политиката, го зајакнуваме гласот на младите во процесите на локалното одлучување во секоја општина, како и ја унапредуваме на повисоко ниво и соработката со граѓанското општество.

Листите на Демократската Унија за Интеграција се состојат од професионални и компетентни личности во средината каде што живеат и работат.

Нашите листи се состојат од еминентни имиња од граѓанското општество, претставници на младите, жени, како и успешни личности во различни области.

Во шест општини, како во Струга, Чаир, Шуто Оризари, Битола, Маврово и Куманово, носителите на листите за Општинскиот совет, ќе бидат жени.

Демократската Унија за Интеграција оценува дека со овие личности ќе биде апсолутен победник на локалните избори, каде фокусот ќе биде ставен на реализација на изборната програма која има за цел
подобрување на животниот стандард на граѓаните.

На 17 Октомври ќе победи визијата за квалитетен живот за сите нас!

Видео материал: https://we.tl/t-6SKGk09J6w

ТОП ВЕСТИ

(ВИДЕО) Огромен пожар во фабрика во Осиек: Да не се излегува, може да има канцерогени материи

Околу 40 минути по полноќ избувна пожар во дворот на компанија во населбата Бријест во Осиек. Пластична маса и амбалажа гори, извести полицијата. Децата од...

Вјоса Османи за Си-ен-ен: Ако не се соочи со мерки, Србија би можела да го повтори насилството врз остатокот од регионот

Одговорноста за нападот во Бањска ја презеде поранешниот потпретседател на Српската листа, Милан Радоичиќ, кој во вторникот беше сослушан во белградското обвинителство, но косовската...

(Видео) Автобусот кај Венеција паднал од височина од 30 метри

Дваесет и едно лице загина, меѓу кои две деца, а 15 се повредени, од кои пет потешко, кога автобус со туристи падна од надвозник...

Трагедија во Нови Сад, човек паднал од кран и починал на лице место

Непознат маж паднал од кран на голема височина во Нови Сад и починал на лице место. Брзата помош веднаш интервенирала. „На лице место е констатирана смрт“,...

Битиќи и Бектеши на средби во ЕБРД: Поддршка за реализација на енергетски проекти за забрзана енергетска трансформација

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, и министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска, во Лондон, остварија средба со генералната директорка во Европската банка за...