Со презентацијата на изборната програма за општина Сарај, Демократската Унија за Интеграција продолжи со известување на граѓаните на секој општина со објективите на дејствување и заветите на градоначалниците и општинските советници за следните четири години.
Мухамед Рамадани, носител на листата на кандидати за советници на ДУИ во Сарај на денешната прес конференција ги наброи најважните проекти, кои се дел од содржината на програмата изработена во духот на зелената агенда за квалитетен живот и во согласност со барањата на жителите на Сарај.
“Приоритети во следниот четиригодишен мандат ќе бидат: енергетиката, инфраструктурата, образованието, екологијата, здравството, развојот на туризмот и многу различни области, кои се неопходни и корисни за граѓаните“ – истакна Рамадани во неговиот говор.
Инаку, денес Демократската Унија за Интеграција во 19:00 часот ќе одржи Изборен собир во Општина Сарај.
Ви прилог целосниот говор од одржаната прес конференција:
Почитувани граѓани,
Почитувани претставници на медиумите,
Денес сум овде пред вас во својство на носител на листата за советници на ДУИ во општина Сарај за да ја откријам содржината на програмата со која ќе го водиме Сарај кон поголем развој и создавање подобри услови за живот. Зелената агенда за Сарај значи општина со повеќе надлежности, општина со повеќе финансии, со одговорно управување која за почетна точка на дејствувањето ги има отчетноста и транспарентноста.
Приоритети во следниот четиригодишен мандат ќе бидат: енергетиката, инфраструктурата, образованието, екологијата, здравството, развојот на туризмот и многу различни области, кои се неопходни и корисни за граѓаните.
На кратко ќе ги образложам клучните точки од изборната програма за кои бараме четиригодишен мандат од граѓаните на Сарај.
Во областа на енергетиката планираме:
– Гасификација на економските зони и јавните институции
– Подготовка на физибилити студија за производство на електрична енергија
– Инсталација на соларни панели во некои училишни згради и спортски сали
– Создавање простории за инсталирање на фотоволтаична опрема што ќе служи за снабдување со електрична енергија на јавната мрежа за осветлување и некои јавни институции
– Модернизација на енергетската мрежа во сите населени места.
Областа на образованието и во овој мандат ќе биде еден од главните столбови врз кои се заснова нашата изборна програма. Во оваа област планираме:
- Дигитализација на основните училишта
2. Континуирано одржување на училишните објекти и училишната инфраструктура
3. Ташни со училишна опрема за учениците од прво одделение
4. Организирање на училишна олимпијада и учество на ученици на општински, републички и меѓународни натпревари.
Во областа на детските градинки ние планираме:
- Изградба на детска градинка во Буковиќ, која исто така ќе служи за селата Бојана, Ласкарка, Копаница, Семеништа и Чајлана.
2. Изградба на детска градинка во село Сфиларе која им служи на селата Горно Сфиларе, Долно Свиларе, Рашче, Радуша и Ворца.
3. Изградба на детска градинка во Шишово која ќе служи и за Глумово и Матка.
4. Проширување на просториите во градинката „Филизи“ во Сарај.
Во областа на здравството, наш главен приоритет е функционирањето на поликлиниката, изградба на паркинг и уредување на дворот за поликлиниката.
Нашата програма предвидува континуирано одржување на патната инфраструктура и тоа:
- Реализација на профилот на главниот пат според урбанистичкиот план на Сарај.
2. Проектирање и асфалтирање на главниот пат во Матка, од полициската станица до Рамништето.
3. Проектирање и асфалтирање на патот бр.2 во Сарај, од мостот до патната врска со Рашче.
4. Планирање и проектирање на јавни паркинзи.
5. Сообраќаен режим за развојот на сообраќајот во Сарај и Љубин.
6. Изградба на нов објект за полициска станица – со локација во Сарај
7. Урбанистички планови за сите населени места.
8. Детален урбанистички план за Сарај9. Кабини за чекање на автобуски станици во сите населени места
10. Изградба на игралиште во некои населени места
11. Создавање простор за привремено собирање градежен отпад.
12. Тротоар на главниот пат низ населените места кои гравитираат кон патната оска Сарај – Бојана.
Многу важен за Сарај е развојот на туризмот каде што е предвидено:
1.Реализација на урбанистички план за езеро „Треска“.
2. Рехабилитација и поправка на базенот во рекреативниот центар „Сарај“
3. Изработка на урбанистички план за комплексот Матка (во просториите на поранешното воено депо).
4. Урбанизација и реализација на туристичкиот комплекс за Горна Матка и Долна Матка.
5. Изградба на шеталиште од рекреативниот центар „Сарај“ (околу реката Треска) до Матка.
6. Основање на Јавно претпријатие „Матка“.
7. Развој на планински туризам.
Почитувани граѓани,
Ова се само некои од многуте проекти планирани во нашата работна програма, кои ќе ги имате целосно достапни за да ги прегледате и анализирате.
На 17 октомври, вашето гласање ќе го отвори патот за спроведување на зелената агенда, гарантирана од Демократската унија за интеграција, затоа заокружете го бројот 3 за продолжување на сигурниот пат на развој на Општина Сарај.
Делувај правилно, гласај зелено!
Заокружи број 3!