ДУИ: Зеленатa агенда ќе го факторизира повеќе гласот на Албанците во Велес, заокружете го бројот 3!

Демократската унија за интеграција денеска ја продолжи презентацијата на својата изборна програма базирана на заветите на зелената агенда и проектите за квалитетен живот, денеска во Бузалково во општина Велес, презентирајќи ја истовремено и листата на кандидати за советници за општина Велес предводена од г. Невзат Муареми.

На жителите на Велес им се обратија претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и првиот вицепремиер Артан Груби.

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети во својот говор ја истакна големата поддршка за Албанците од Велес и посветеноста да се продолжи патот на развојот на нивниот живот и нивната факторизација преку имплементацијата на зелената агенда.

„Во овие дваесет години инвестиравме во кадри, инвестиравме за да не се поделат Албанците, инвестиравме и едуциравме кадар за да се занимава со работа, програми и проекти, со идеи и визии, а не со пцовки и навреди. Срамно е за нас да навредуваме или да ги клеветиме другите, и ние никогаш нема да го сториме тоа, и покрај тоа што ова го прават другите, но ние се надминавме себеси затоа што ги ставивме интересите на нацијата над се друго. Има многу проекти, проекти кои ќе се реализираат преку кадарот што ќе победи на овие избори за градоначалници, кои ќе ја спроведат програмата со која ќе излезат и ќе им ветат на граѓаните. Сега излеговме со зелената агенда затоа што сметаме дека нормативниот дел од Охридскиот Договор е завршен, останува да се материјализираат прашањата, како што е законот за албанскиот јазик кој е официјален јазик, но има простор за негово унапредување и за тоа веќе се воспоставени релевантни институции и тие мора да бидат одговорни за имплементацијата на јазикот. Ние како легислатив ја завршивме нашата работа, органите задолжени за имплементација мора да ја завршат својата работа. Проценивме дека е потреба на времето, и кој друг би можел да го направи овој скок и да излезе со платформа толку модерна, колку и национална. Оваа агенда е агенда на животот “. – рече Ахмети.

Првиот вицепремиер, Артан Груби, им се заблагодари на жителите на Велес за гостопримството во голем број, докажувајќи ја нивната поддршка за зелената агенда. Тој нагласи дека самото присуство на екзекутивот на ДУИ на средбата со жителите на Велес ја докажува поддршката за Албанците од овој регион и посветеноста за зајакнување на нивната позиција во процесот на одлучување на локално ниво, но и поддршката за листата на кандидати за советници и носителот на таа листа, г. Невзат Муареми.

„Ви посакувам да бидете што е можно пообединети и да го побарате гласот од сите. Не двоумете се да тропнете на вратата на бошњачката заедница, македонската заедница, ромската заедница и турската заедница, побарајте од сите што ги познавате да гласаат, затоа што понудата на ДУИ е најдобра. Кога ние сме носители на одлуки, одлучуваме добро не само за Албанците, одлучуваме добро за сите. Кога станавме одлучувачи, ја однесовме земјата во НАТО, кога станавме одлучувачи донесовме јазична еднаквост, кога станавме одлучувачи, сите победија од фактот дека ДУИ стана одлучувач кој ќе биде во централната власт, а кој во локалната власт. Затоа, јас сум убеден дека сите вие заедно, со сите оние што не се овде денес со нас, ќе гласате за Невзат и ќе испратите советник Албанец до Советот на општина Велес, со цел да ги води процесите за ваше добро. Ќе продолжиме многу повеќе да го факторизираме Албанецот во Велес, да се врати во корените, да гласа за Демократската Унија за Интеграција и да станеме покорисен за себе “. – рече Груби во својот говор.

Демократската Унија за Интеграција утре ќе ја продолжи кампањата во Студеничане каде ќе го претстави кандидатот за градоначалник, Ејуп Абази и листата на советници за оваа општина.

ТОП ВЕСТИ

Претседателот на ДУИ го назначи Рафис Алити за кординатор на огранокот на ДУИ во Сарај

Претседателот на Демократската унија за интеграција, во рамките на неговите законски овластувања, го назначи Рафис Али за координатор на огранокот на ДУИ во Сарај,...

Неверојатна сличност: Помладата ќерка на Адријана Лима и Марко Јариќ е копија на нејзиниот татко (ФОТО)

Адријана Лима и Марко Јариќ во седумгодишниот брак добија две ќерки Валентина (13) и Сијена (10). И иако манекенката и поранешната кошаркар се...

Детали од МВР за големата акција: Уапсени двајца арачиновци, спречен транспорт на дрога во вредност од 100.000 евра

Денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи - Единица за...

Маж влетал со автомобил меѓу пешаци на аеродромот во Келн, има повредени

Педесет и седумгодишен маж со автомобил влетал во пешаци во паркинг гаража на германски аеродром при што повредил неколку лица, соопшти полицијата, пренесува Дојче...

Полициска акција на наплатната рампа кај Тетово, запленета голема количина дрога, уапсени дилери

На наплатната рампа пред Тетово, на автопатот Гостовар-Тетово утрово околу 7 часот, полицијата заплени големо количество дрога и уапси двајца оосмничени дилери, информираа за...