ДУИ: Зелената агенда гаранција за понатамошен развој на Скопје

Демократската Унија за Интеграција денеска ја продолжи презентацијата на изборните програми, претставувајќи ја програмата за Град Скопје, со која ќе учествува на локалните избори на 17 Oктомври.

Ардијан Муча, носител на листата на кандидати на ДУИ за Советот на Град Скопје, нагласи дека зелената агенда е основа на планот на дејствување за следниот четиригодишен мандат, со што

ќе се продолжи со континуираната реализација на приоритетите за квалитетен живот, како што се подобрувањето на патната инфраструктура, поефикасната меѓуопштинска поврзаност, стимулирањето на употреба на велосипеди, скутери и инвертери за почист воздух, создавање на нови велосипедски патеки, одржување на јавната чистота, масивното позеленување и друго.

Муча ги покани скопјани на 17 Октомври да го заокружат бројот 3, да ја поддржат советничката листа на ДУИ за продолжување на добрите дела и за поголема развојна перспектива. Инаку, ДУИ денеска ќе одржи средби со граѓаните во општините Бутел и Шуто Оризари на кои ќе ги презентира листите на кандидати за советници и изборните програми за овие општини.

Ви го пренесуваме целосниот говор од денешната прес -конференција:

Почитувани граѓани,

Почитувани претставници на медиумите,

Денес ви ја претставуваме изборната програма на Демократската унија за интеграција за Град Скопје, која заснована на зелената агенда е заложбата на нашите кандидати за советници во Советот на Град Скопје.

Демократската Унија за Интеграција во Советот на Град Скопје отсекогаш имала квалитетен кадар кој знаел да ги унапреди процесите на соодветна застапеност, да придонесе за реализација на проекти за квалитет живот и достоинствено да го претставува гласот на барањата на граѓаните.

Пред да зборувам за проектите што ние заедно со групата советници на ДУИ ги планиравме за следниот мандат, накратко ќе ги споменам оние што, како власт во Чаир, Сарај и Шуто Оризари и со заедничко владеење во Град Скопје, успеавме да ги завршиме.

Одобривме илјадници субвенции што им го олеснија животот на скопјани. Четири години по ред се доделуваат субвенции за инвертери, велосипеди, тротинети, финансиски поддржавме бројни образовни и културни здруженија, додека образованието денес се одвива во модерни услови.

Успеавме да ги смениме имињата на улиците кои не ја одразуваат реалноста на принципите на еднаквост и соживот. Променети се над 100 имиња на улици, мостови и плоштади во Скопје, кои денес ги носат имињата на истакнати личности и важни настани од нашата историја и култура.

Денес – Хасан Приштина, покрај споменикот, има и име на улица.

Во соработка со централната власт, Чаир, Бутел, Сарај веќе имаат неколку спортски сали, додека Скопската Чаршија го има својот поранешен сјај. Бит Пазар доби изглед на модерен пазар, додека Чаир и Бутел се поврзани со новиот булевар Босна и Херцеговина, уреден по сите современи стандарди. Советничката група на ДУИ даде извонреден придонес во проектите за уредување и модернизирање на патната инфраструктура за да се олесни меѓуопштинската поврзаност и да се олесни движењето на граѓаните.

Во Бутел имаме позелено два булевара со над 1500 дрвја, додека во Чаир изградивме паркови во вкупна површина од над 65 илјади квадратни метри.

Во Шуто Оризари ја започнавме реконструкцијата на патот позади Затворот, го асфалтиравме патот околу гробиштата, го реконструираме патот Индира Ганди и некои други патишта во Визбег, како и го зголемивме нивото на застапеност во општинската администрација и основните училишта.

Во следниот мандат, плановите за развој на Скопје, главно на Чаир, Бутел, Сарај и Шуто Оризари, се бројни и во согласност со стремежот да се направи подобро и повеќе за Скопје.

Планираме да го прошириме булеварот „Цветан Димов“, претворајќи го во булевар со 6 ленти, ќе го поврземе со модерен мост Визбег со булеварот „Словенија“, а Љубетен ќе има нова мрежа на фекална канализација. Позеленувањето на градот ќе продолжи во секоја населба, како и досега.

Ќе се изградат тротоари, како и нови велосипедски патеки, додека редовно ќе се одржува осветлувањето во руралните области на територијата на Град Скопје и околните општини.

Еден од приоритетните проекти е ревизијата на деталните урбанистички планови со цел на инвеститорите да им се олесни инвестирањето на територијата на општина Бутел, но и во Чаир и Шуто Оризари.

Исто така, ќе го дадеме нашиот придонес за стимулирање на вработувањето во индустриските зони низ општините во Скопје, додека уверуваме дека на почетокот на мандатот, ќе ја проектираме изградбата на еден спортски комплекс со јавно-приватно партнерство каде што ќе има различни спортски терени за фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и други спортови.

Почитувани граѓани,

На 17 октомври, гласајте за зелената агенда, за продолжување на добрите дела и за новата развојна перспектива преку нови проекти!

Изберете живот, гласајте зелено!

Заокружете го бројот 3!

ТОП ВЕСТИ

ДУИ ќе одбележува 21 години во „Александар Палас“, Шекеринска една од говорниците

емократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја одбележува 21-годишнината од формирањето. Раководството на партијата, предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе...

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на две собраниски комисии и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. На дневен...

Тројца кинески астронаути се вратија на земјата

Кинеските астронаути од вселенското летало Шенжу-15 безбедно се вратија на Земјата во недела, 4 јуни, по мисијата на кинеската орбитирачка вселенска станица која траеше...

Претседателот на Естонија Алар Карис во Албанија од 7 до 9 јуни

Претседателот на Естонија, Алар Карис, од 7 до 9 јуни ќе престојува во Албанија на покана на претседателот на таа земја Бајрам Бегај, пишува...

(Фото) Џенифер Гарнер, бившата жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд

Однесувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек  на јавни настани поттикна гласини дека има проблеми во нивната врска. Можеби неочекувано многу за нивната врска...