PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

ДУИ: Зелената агенда на квалитетниот живот, најкреативната понуда на оваа изборна кампања

Oct 15, 2021

Со изборниот собир кој Демократската Унија за Интеграција ќе го одржи во градот Гостивар ја заокружува изборната кампања за локалните избори на 17 Октомври.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Бујар Османи, портпарол на ДУИ на денешната прес – конференција изјави дека ова е една од најдобрите и најпозитивните кампањи, за време на која во секоја општина каде што се натпреварува го претстави иновативниот и креативен концепт за зелената агенда, кандидатите за градоначалници и листите на кандидати за советници.

“Прво, дозволете да констатирам дека имавме фер кампања, во која навистина сите чинители имаа можност да им се престават на граѓаните под еднакви услови. Тоа е важна демократска придобивка, која соодветствува со демократската зрелост на една  земја – членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ. Што се однесува до нас, за ДУИ, без сомнение ова беше најубавата кампања што досега сме ја имале во секоја смисла: Прво имавме исклучително позитивна кампања и тоа се почувствува низ големиот број средби со граѓаните. Тие се интересираа за проектите, предлагаа и свои проекти, и што е најважно – ја прифатија зелената агенда, како најважен приоритет за развојот на нивната непосредна средина, за уредувањето на нивните маала, за пошироките заедници и општини. Одржавме околу 20 централни митинзи во сите поголеми центри на Албанците во Северна Македонија: Од Липково и Сарај, преку Чаир, Тетово и Гостивар, сѐ до Кичево, Дебар и Струга. Остваривме стотици посети буквално на сите населени места, одејќи по маалата и населбите, тропнувајќи на секоја врата, остварувајќи при тоа директни средби со десетици и десетици илјади граѓани.“ – кажа портпаролот Османи.

Иако вистинската победа ја очекуваме во недела, на 17 октомври, сметајќи ја кампањата како еден посебен дел од политичкиот натпревар, во ова прво полувреме без сомнение ние победивме, се изјасни понатаму портпаролот на ДУИ.

“Со позитивна енергија, со убава понуда, со убав концепт, со убави проекти, преку наметнувањето на зелената агенда како најважен дискурс на оваа кампања, успеавме да се спротивставиме и на нападите од страна на политичките конкуренти, и на нивниот нефер и непринципиелен однос, и на нивната непринципиелна коалиција во која веќе и самите не веруваат. Како и да е, денес кампањата завршува. Имавме напорни, динамични но позитивни и убави 20 дена кампања. Сакам да им честитам на граѓаните за достоинството, за покажаната демократска зрелост, и да им се заблагодарам за отвореноста да ја слушнат и да придонесат во создавањето на новата зелена агенда.“ – потенцираше Османи.

Тој испрати апел до граѓаните во недела, на 17 Октомври, на демократски начин и слободно да излезат и да гласаат.

“На крајот, сакам да ги повикам сите граѓани, без разлика на нивната политичка определба или одлука за кого сакаат да го дада својот глас, сепак во недела да излезат на гласање. Изборите се најважниот момент кога секој од нас тајно го кажува каже своето мислење; важно е секој од нас слободно да ја изрази својата политичка волја и со тоа да учествува во создавањето и на сопствената и на заедничката иднина.“ – истакна на крајот од прес конференцијата портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

Видео материјал: https://fb.watch/8F5bOg_rM0/

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ